Македонски јазик
M-5276-207K
65
L
ASSO
®
свиткувачки катетер за кружно мапирање
•
СТЕРИЛНО. Стерилизирано со користење на етилен оксид.
•
Само за еднократна употреба.
•
Да не се стерилизира во автоклав.
•
Да не се користи ако амбалажата е отворена или оштетена.
•
ВНИМАНИЕ: Федералното право на САД ја ограничува продажбата на овој уред; само на лекар или по нарачка на лекар.
ОПИС НА КАТЕТЕРОТ
L
ASSO
®
свиткувачки катетер за кружно мапирање на Biosense Webster е дизајниран за да го олесни електрофизиолошкото мапирање на преткоморите на срцето. Се
распоредува во десната или левата преткомора преку 8
F насочувачка навлака, слично на
насочувачките навлаки
P
REFACE
®
на Biosense Webster. Овој свиткувачки
катетер се состои од кружна игла од 3
F на дисталниот врв со електроди од платина што може да се користат
за стимулација и снимање. Достапни се модели со
различни дијаметри на кружна игла. Кога копчето на катетерот ќе се притисне нанапред, врвот се свиткува; кога копчето ќе се повлече наназад, врвот на катетерот се
исправува.
Катетерот се поврзува со стандардната опрема за снимање преку кабли за поврзување со соодветните поврзувачи.
КОНТАКТИРАЈТЕ ГО ЛОКАЛНИОТ ДИСТРИБУТЕР ИЛИ ПРОИЗВОДИТЕЛ ЗА СООДВЕТНИТЕ КАБЛИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ.
ИНДИКАЦИИ
Катетерот е наменет за повеќе
-
електродно електрофизиолошко мапирање на срцеви структури, т.е., само за стимулација и снимање.
L
ASSO
®
свиткувачки катетер за
кружно мапирање на Biosense Webster е дизајниран за добивање електрограми во преткоморниот дел на срцето.
КОНТРАИНДИКАЦИИ
•
L
ASSO
®
катетерот
за кружно мапирање на Biosense Webster се нема покажано како сигурен и ефикасен за аблација со радиофреквенција (РФ).
•
Употребата на катетерот може да не соодветствува за користење кај пациенти со протетски валвули. Релативна контраиндикација за постапките со срцеви катетери
е активната системична инфекција.
•
Трансепталниот пристап има контраиндикации кај пациенти со тромб или миксом во левата преткомора или интератријална преграда или лепенка.
•
Ретроградниот пристап е контраиндициран поради ризик од заробување на
L
ASSO
®
во левата комора и валвуларниот апарат.
L
ASSO
®
не се препорачува за употреба
во коморите.
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
•
Постапките за срцева катетеризација претставуваат можност за значително изложување на зрачење со рентгенски
зраци, што може да доведе до повреда од акутно
зрачење, како и зголемен ризик од соматски и генетски влијанија, како врз пациентите, така и врз лабораторискиот персонал, а како резултат на интензитетот на
снопот од рентгенски
зраци и времетраењето на флуороскопското снимање.
•
Срцевата катетеризација треба да се изведува откако ќе се обрне внимание на можната изложеност на зрачење поврзано со постапката и ќе се преземат чекори за
намалување на изложеноста.
•
Мора внимателно да се размисли пред употребата на овој катетер кај бремени жени.
•
Не го натопувајте проксималниот рачен дел или поврзувачот на кабли во течности; тоа може да доведе до електричен спој.
•
Не го изложувајте катетерот на органски растворувачи, како алкохол.
•
Не го ставајте катетерот во автоклав.
•
Немојте да го внесувате врвот на катетерот
L
ASSO
®
свиткан во насочувачката навлака
•
L
ASSO
®
свиткувачки катетер за кружно мапирање се препорачува за употреба со
P
REFACE
®
обложена насочувачка навлака на Biosense Webster.
Забелешка: Немојте да го употребувате
L
ASSO
®
свиткувачки катетер за кружно мапирање заедно со трансепталните навлаки со странични отвори поголеми од 1,25
мм во дијаметар.
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ
•
Чувајте на темно, суво и ладно место.
•
Немојте да се обидувате да ракувате со
L
ASSO
®
катетерот за кружно мапирање на Biosense Webster пред целосно да го прочитате
и разберете ова Упатство за
употреба.
•
Постапките за срцева катетеризација треба да се изведуваат од соодветно обучени лица во целосно опремена електрофизиолошка лабораторија.
•
Потребно е внимателно да се управува за да се избегне срцево оштетување, перформација или тампонажа. Движењето и поставувањето на катетерот треба да се
изведуваат со флуороскопско водење преку насочувачка навлака. Не употребувајте прекумерна сила за движење или повлекување на катетерот преку насочувачка
навлака доколку наидете на отпор. Дополнително, треба да се обезбеди посебна грижа при внесување, извлекување или ракување со насочувачката навлака.
•
Стерилното пакување и катетерот треба да бидат проверени пред употребата.
•
L
ASSO
®
катетерот за кружно мапирање на Biosense Webster е наменет за еднократно користење за еден пациент.
AVISO: Este es un documento controlado, confidencial, y con derechos reservados. Revisar si es la revision mas actualizada.
WARNING: This is a controlled proprietary and confidential document. Verify revision is current prior to use.
Release Date: 6/1/2015