Македонски јазик
66
M-5276-207K
•
Немојте повторно да стерилизирате или употребувате.
•
Овој уред е спакуван и стерилизиран за еднократна употреба. Не употребувајте, преработувајте или стерилизирајте повторно. Повторната употреба, обработка или
стерилизирање може да го изложат на ризик структурниот идентитет на уредот и/или да доведат до негово расипување, што, за возврат, може да предизвика
повреда, болест или смрт кај пациентот. Исто така, преработката или повторната стерилизација на уредите за еднократна употреба може да создадат ризик од
заразеност и/или да предизвикаат инфекција кај пациентот или вкрстена инфекција, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на пренесување заразни болести од еден
пациент на друг. Заразеноста на уредот може да доведе до повреда, болест или смрт кај пациентот.
•
Пред вметнување или извлекување на катетерот, секогаш повлекувајте го копчето наназад за да бидете сигурни дека врвот на катетерот се вратил во својот изворен
облик.
•
За поставување на
L
ASSO
®
катетерот, завртете (или ротирајте) ја оската во правец на движење на часовникот.
РОК НА УПОТРЕБА
•
Овој катетер е стерилизиран со гас етилен оксид.
•
Да не се користи ако амбалажата е отворена или оштетена.
•
Употребете го уредот пред рокот за употреба на етикетата на пакувањето.
ФРЛАЊЕ
Рециклирајте ги составните делови или фрлете го производот и останатите елементи или отпадоци според локалните закони и регулативи.
ПРЕПОРАЧАНО УПАТСТВО
ЗА УПОТРЕБА
•
Извадете го катетерот од пакувањето и ставете го на стерилна работна површина.
•
Следете ја стандардната практика за пункција на крвните садови, вметнување на жицата
-
водилка и употреба на насочувачката навлака и аспирација според
Упатството за употреба.
•
Поврзете ги приклучоците за поврзување со соодветната опрема за снимање.
•
Проверете дали копчето е до крај повлечено назад пред вметнувањето. Движете го катетерот низ насочувачката навлака кон областа на ендокардиумот што се
испитува. Употребувајте флуороскопија и електрограми за помош при правилно поставување. Приспособете го радиусот на закривеноста според потребата,
ракувајќи со копчето. Кога копчето ќе се притисне нанапред, врвот на катетерот се накривува (свиткува); кога копчето се повлекува наназад, врвот се исправува.
•
За поставување на
L
ASSO
®
катетерот, (или ротирајте) ја оската во правец на движење на часовникот.
•
Пред отстранување на катетерот, проверете дали копчето е повлечено назад до крај. Извадете го катетерот преку насочувачката навлака и фрлете го на соодветен
начин. Извадете ја насочувачката навлака, дилататорот за крвни садови и жицата
-
водилка според Упатството за употреба. Немојте повторно да го стерилизирате и
да го употребувате.
•
Ако имате прашања во однос на употребата или карактеристиките на овој производ, контактирајте со локалниот дистрибутер или производителот.
НЕСАКАНИ РЕАКЦИИ
Забележани се неколку сериозни несакани реакции во постапките на срцева катетеризација, вклучувајќи белодробна емболија, миокарден инфаркт, мозочен удар,
срцева тампонажа и смрт.
Следните компликации поврзани со срцева
катетеризација се забележани во литературата: васкуларно крварење, локални хематоми, тромбоза, АV фистула,
псевдоаневризам, тромбоемболија, вазовагални реакции, срцева перфорација, воздушна емболија, аритмија, валвуларно оштетување,
пневмоторакс и хемоторакс.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ ВО ОДНОС НА ГАРАНЦИЈА И ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ
НЕ ПОСТОИ ЈАСНА ИЛИ ПРЕТПОСТАВЕНА ГАРАНЦИЈА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА, БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, СЕКОЈА ПРЕТПОСТАВЕНА ГАРАНЦИЈА ЗА ПАЗАРНА КОНКУРЕНТНОСТ
ИЛИ СООДВЕТНОСТ ЗА КОНКРЕТНА НАМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ(Е) ОПИШАН(И) ОВДЕ. ПОД НИКАКВИ ОКОЛНОСТИ BIOSENSE WEBSTER, INC. ИЛИ НЕЈЗИНИТЕ ФИЛИЈАЛИ,
НЕМА ДА СНОСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА КАКВИ БИЛО ПОСЕБНИ, ДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТИ ОСВЕН АКО НЕ Е ИЗРЕЧНО ПРЕДВИДЕНО СО
КОНКРЕТЕН ЗАКОН
.
БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ГОРЕНАВЕДЕНОТО, BIOSENSE WEBSTER, INC. ИЛИ НЕЈЗИНИТЕ ФИЛИЈАЛИ, НЕМА ДА СНОСИ ОДГОВОРНОСТ ЗА КАКВИ БИЛО
ПОСЕБНИ,
ДИРЕКТНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСЛЕДИЧНИ ИЛИ ДРУГИ ШТЕТИ, КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПОВТОРНАТА УПОТРЕБА НА КОЈ(И) БИЛО ПРОИЗВОД(И) КОЈ(И)
Е (СЕ) ОЗНАЧЕН(И)
ЗА ЕДНОКРАТНА УПОТРЕБА ИЛИ КАДЕ ШТО ПОВТОРНАТА УПОТРЕБА Е ЗАБРАНЕТА СО ВАЖЕЧКИ ЗАКОН.
Описите и спецификациите кои се појавуваат
Biosense Webster, Inc.
печатените материјали, вклучувајќи ја и оваа публикација, се само информативни и наменети само
општо да се опише производот во времето на производство и не се направени или дадени како гаранција за пропишаниот производ на кој било начин.
AVISO: Este es un documento controlado, confidencial, y con derechos reservados. Revisar si es la revision mas actualizada.
WARNING: This is a controlled proprietary and confidential document. Verify revision is current prior to use.
Release Date: 6/1/2015