Македонски јазик
M-5276-784B
163
54.
При аблација на блиски анатомски структури, бидете внимателни во
минимизирање на колатералната штета на блиските структури.
55.
При аблација на езофагусот (вдолж задниот ѕид на левата
преткомора), бидете внимателни во тоа да не го повредите езофагусот,
вклучувајќи соодветно намалување на РФ моќноста.
56.
При аблација на френичниот нерв, бидете внимателни во тоа да не го
повредите френичниот нерв, вклучувајќи соодветно намалување на РФ
моќноста и стабилизирање за идентификување на близината на
нервот.
РФ аблација
За РФ аблација, катетерот со поврзува со единицата за поврзување со
пациент (ЕПП) на системот C
ARTO
®
3, која се поврзува со РФ генераторот.
За постапката за поставување, прочитајте во Прирачникот за користење за
Вашиот C
ARTO
®
3 систем за навигација. За правилно поврзување на РФ
генераторот, користете само
Biosense Webster
или соодветен кабел за
поврзување. За да го затворите електричното коло, индиферентна
електрода мора да се поврза влез на индиферентна електрода на РФ
генераторот. Проверете дали ефективниот отпор на колото пред РФ
аблација е во рамките на очекуваните параметри. Проверете дали РФ
генераторот прикажува температура помала од 37ºC пред да го вметнете
катетерот во пациентот и пред примената на РФ моќност.
Работење на РФ генераторот
Прочитајте го прирачникот за применлив РФ генератор за правилно
поврзување на катетерот со генераторот и за детални насоки за работата
на генераторот за РФ аблација.
Параметрите за примена на РФ аблација ќе се менуваат во зависност од
местото на аблација, посебните услови присутни во секоја постапка и
контролните кола на РФ генераторот. Врз основа на добиените податоци од
претходни животински и клинички испитувања, препорачаните параметри
во примената на РФ се дадени подолу во „Насоки за користење“ и во
Табела 1. Секогаш следете го порастот на температурата и ефективниот
отпор при користење на
Biosense Webster T
HERMO
C
OOL
S
MART
T
OUCH
®
SF
Еднонасочниот навигациски катетер.
Стерилизација/Рок на употреба
Катетерот е стерилизиран со гас етилен оксид. Изведени се тестирања на
производот и амбалажата за поткрепување на датумот за рок на употреба,
отпечатен на етикетата на производот.
НЕ КОРИСТЕТЕ
после рокот на
употреба.
Овој уред е спакуван и стерилизиран за еднократна употреба. Не
употребувајте, преработувајте или стерилизирајте повторно. Повторната
употреба, обработка или стерилизирање може да го изложат на ризик
структурниот идентитет на уредот и/или да доведат до негово расипување,
што, за возврат, може да предизвика повреда, болест или смрт кај
пациентот. Исто така, преработката или повторната стерилизација на
уредите за еднократна употреба може да создадат ризик од заразеност
и/или да предизвикаат инфекција кај пациентот или вкрстена инфекција,
вклучувајќи, но не ограничувајќи се на пренесување заразни болести од
еден пациент на друг. Заразеноста на уредот може да доведе до повреда,
болест или смрт кај пациентот.
Чување
Чувајте на темно, суво и ладно место. Температурата за чување треба да
биде помеѓу 5 и 25ºC (41 и 77ºF).
Фрлање
Рециклирајте ги составните делови или фрлете го производот и останатите
елементи или отпадоци според локалните закони и регулативи.
Насоки за употреба
Ве молиме прочитајте ги Прирачниците за корисници за C
ARTO
®
3
Системот, пумпицата за измивање и РФ генераторот за насоки за
поврзување и работење
со овие системи заедно со
Biosense Webster T
HERMO
C
OOL
S
MART
T
OUCH
®
SF
Еднонасочниот навигациски катетер.
Применувајте соодветни
Biosense Webster
додатни кабли за поврзување на
Biosense Webster
T
HERMO
C
OOL
S
MART
T
OUCH
®
SF-
Еднонасочниот навигациски катетер со
соодветната дополнителна опрема.
1.
Со употреба на асептична техника, извадете го катетерот од
пакувањето и ставете го на стерилно поле за работа. Внимателно
проверете го катетерот за интегритет на електродите и општата
состојба.
2.
Направете васкуларен пристап на голем централен крвен сад со
употреба на асептична техника.
3.
За да спречите оштетување на врвот на катетерот, користете ја
цевката за внесување дадена со катетерот за да ги внесувате напред
или да го повлекувате наназад катетерот низ хемостатската валвула
на обвивката. После внесувањето, повлечете ја цевката за внесување
назад кон рачката.
4.
За да ја потврдите компатибилноста помеѓу обвивката и катетерот,
ставете го катетерот низ обвивката пред внесување. Секоја обвивка
<8,5 F предизвикува контраиндикации.
5.
Катетерот е поврзан со опремата за снимање и/или РФ генераторот
преку C
ARTO
®
3 Системот со користење на соодветни поврзувачки
кабли. Поврзајте го катетерот со Единицата за поврзување со пациент
(ЕПП) преку соодветен
Biosense Webster
кабел. Поврзајте за ЕПП со
генераторот преку соодветен
Biosense Webster
кабел. Поврзајте ја
ЕПП со системите за снимање и мапирање, вклучувајќи го и C
ARTO
®
3
Системот за навигација со соодветни поврзувачки кабли. Користете ги
Biosense Webster
поврзувачките кабли. Поврзајте ја цевката на
пумпицата за измивање со Луер поставувањето на катетерот. Може да
се користи и 3
-
насочен вентил. Поврзајте ја пумпицата со ќесичка со
физиолошки раствор хепаризиран (
1 IU
хепарин/мл) на собна
температура со користење на стандардните болнички безбедносни
практики. За да го затворите електричното коло, поврзајте
индиферентна електрода со влез на индиферентна електрода на
генераторот.
6.
Измијте го катетерот и цевката со стандардна техника за
прочистување на заглавени воздушни меурчиња и проверка дека
отворите за измивање се заштитени.
7.
Започнете со постојано измивање со степен на проток од 2 мл/мин.
8.
Внесете го
Biosense Webster T
HERMO
C
OOL
S
MART
T
OUCH
®
SF
Еднонасочниот навигациски катетер низ местото за влез со користење
на цевката за внесување и соодветни димензионираната воведувачка
обвивка. Движете го катетерот кон областа што се испитува.
9.
Проверете дали е избрана опцијата “TCool SF“ на РФ генераторот.
Кога опцијата ќе биде избрана, генераторот се поставува на
стандардните параметри за безбедност утврдени за
Biosense Webster
T
HERMO
C
OOL
S
MART
T
OUCH
®
SF катетерот.
10.
Употребувајте флуороскопија и електрограми (ЕГМ) за помош при
правилно поставување.