Not for
Reproduction
153
гориво или брендот. Овој мотор е сертифициран да работи на бензин. Системот
за контрола на емисиите за овој мотор е EM (Измени на моторот). Системите за
контрола на емисијата за мотори со електронско вбризгување гориво се ECM
(модул за контрола на моторот), MPI (вбризгување од повеќе отвори), и доколку се
опремени со O2S (сензор за кислород).
Висока надморска височина
На надморска височина над 5,000 стапки (1524 метри), прифатлив е бензин од
минимум 85 октани/85 AKI (89 RON).
За мотори со карбуратор, потребно е приспособување за висока надморска
височина за да се задржи нормалната изведба. Работа без ова приспособување
ќе предизвика намалена изведба, зголемена потрошувачка на гориво и
зголемени емисии. Контактирајте со овластениот сервисер на Briggs & Stratton
за информации во врска со приспособување за висока надморска височина. Не
е препорачливо приспособување за висока надморска височина за работа на
моторот на надморска височина под 2,500 стапки (762 метри).
За моторите со електрично вбризгување гориво (EFI) не е потребно
приспособување за висока надморска височина.
Додавање гориво
Погледнете Фигура: 7
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Горивото и неговите пареи се екстремно запаливи и експлозивни.
Пожар или експлозија можат да предизвикаат тешки изгореници или смрт.
При додавање гориво
• Исклучете го моторот и оставете го да се олади најмалку 2 минути пред да го
отстранете капачето за гориво.
• Полнете го резервоарот за гориво надвор или во добро проветрен простор.
• Не го преполнувајте резервоарот за гориво. За да дозволите експанзија на
горивото, не полнете над дното од грлото на резервоарот.
• Држете го горивото подалеку од искри, отворени пламени, иницијални
запалки и други запаливи извори.
• Често проверувајте ги цевките за гориво, капачето и зглобовите за пукнатини
или истекувања. Заменете ги ако е потребно.
• Ако истече гориво, почекајте додека да испари пред да го вклучите моторот.
1.
Исчистете ја областа околу капачето за гориво од нечистотија и отпадоци.
Отстранете го капачето за гориво.
2.
Наполни резервоар за гориво (А, Фигура 7) со гориво. За да дозволите
експанзија на горивото, не полнете над дното од грлото на резервоарот (B).
Некои модели имаат индикатор за гориво (C). Не го полнете резервоарот над
дното на индикаторот за гориво (D).
3.
Поставете го капачето на резервоарот за гориво.
Вклучување и запирање на моторот
Погледни Фигура: 8, 9, 10, 11, 12
Вклучување на моторот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Брзото враќање на кабелот за стартување (повратно влечење) ќе ви ја
повлече дланката и раката кон моторот пред да можете да отпуштите.
Тоа може да предизвика скршеници на коските, фрактури, модринки или
исчашувања.
• Кога го вклучувате моторот, бавно повлечете го кабелот за вклучување
додека да осетите отпор и потоа повлечете го брзо за да избегнете повратен
удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Горивото и неговите пареи се екстремно запаливи и експлозивни.
Пожар или експлозија можат да предизвикаат тешки изгореници или смрт.
Кога го стартувате моторот
• Проверете дали свеќичката, придушувачот, капачето за гориво и воздушниот
чистач (ако има) се на место и се прицврстени.
• Не го вклучувајте моторот ако свеќичката е отстранета.
• Ако моторот се превергла, поставете го саухот (ако има) во позиција OPEN /
RUN, поставете го регулаторот на гас (ако има) во позиција FAST и верглајте
додека да стартува моторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ОПАСНОСТ ОД ОТРОВЕН ГАС. Издувните гасови од моторот содржат
јаглерод моноксид - отровен гас што може да ве усмрти за неколку минути.
НЕ МОЖЕТЕ да го видите, помирисате или вкусите. Дури и да не можете да
ги помирисате издувните гасови, сепак може да сте изложени на јаглерод
моноксид. Ако започнете да се чувствувате лошо, замаено или слабо
додека го користите овој производ, ВЕДНАШ исклучете го и излезете
на чист воздух. Побарајте помош од доктор. Може да имате труење со
јаглерод моноксид.
• Работете со овој производ САМО на отворен простор и подалеку од
прозорци, врати и отвори за да го намалите ризикот од акумулирање и
вовлекување на јаглерод моноксид во затворени простори.
• Поставете аларми на батерија или приклучени аларми со резервна батерија,
коишто откриваат јаглерод моноксид според упатствата на производителот.
Алармите за чад не можат да откријат јаглерод моноксид.
• НЕ ГО вклучувајте овој производ во домови, гаражи, визби, подруми, бараки
или други делумно затворени простори, дури и тие да имаат вентилатори или
отворени врати и прозорци за вентилација. Јаглерод моноксидот може брзо
да се наталожи во овие простори и може да остане таму со часови, дури и по
исклучувањето на производот.
• СЕКОГАШ поставете го производот во насока на ветерот и насочете ги
издувните гасови подалеку од затворени простори.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Овој мотор беше испорачан од Briggs & Stratton без масло.
Пред да го вклучите моторот, проверете дали сте додале масло според
упатствата во овој прирачник. Ако го вклучите моторот без масло, ќе се оштети
без да може да се поправи и нема да биде покриен со гаранцијата.
Утврдете го системот за стартување
Пред да го вклучите моторот, треба да го одредите типот на системот за
вклучување на вашиот мотор. Вашиот мотор ќе има еден од следниве типови.
•
ReadyStart
®
Систем:
Овој систем содржи температурно контролиран
автоматски саух. Нема рачен саух или рачна пумпа.
•
Систем со саух:
Овој систем содржи саух што може да се користи за
вклучување при ниски температури. Некои модели имаат посебна контрола
со саух додека други имаат комбинирана контрола со саух/гас. Овој тип нема
рачна пумпа.
•
Систем со рачна пумпа:
Овој систем содржи црвена рачна пумпа, што може
да се користи за вклучување при ниски температури. Нема рачен саух.
За да го стартувате моторот, следете ги упатствата за вашиот тип на систем за
стартување.
Забелешка:
Опремата може да има далечински контроли. Погледнете во
прирачникот за опремата за локацијата и работењето на далечинските контроли.
ReadyStart
®
Систем
1.
Проверете го маслото во моторот. Видете во
Поглавјето Проверка на
нивото на
маслото.
2.
Проверете дали се исклучени погонските контроли на опремата, ако ги има.
3.
Поместете го затворачот за гориво (А, Фигура 8), доколку има, во позицијата
ОТВОРЕНО.
4.
Поместете ја рачката за гас (B, Фигура 8), доколку има, во позицијата БРЗО.
Работете со моторот на позиција БРЗО.
5.
Поместете го копчето за запирање (D, Фигура 9), доколку има, во позицијата
ВКЛУЧЕНО.
6.
Ако производот има рачка за запирање на моторот (C, Фигура 10), држете ја
рачката за запирање на моторо до дршката.
7.
Rewind Start, доколку има:
Цврсто држете ја рачката на кабелот за
вклучување (D, Фигура 8). Бавно повлечете ја рачката на кабелот за
вклучување додека да почувствувате отпор, а потоа повлечете ја брзо.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Брзото повлекување на кабелот за вклучување (повратен удар) ќе ги повлече
вашата дланка и рака кон моторот побрзо отколку што би можеле да го пуштите.
Тоа може да предизвика скршеници на коските, фрактури, модринки или
исчашувања. Кога го вклучувате моторот, бавно повлечете го кабелот за
вклучување додека да осетите отпор и потоа повлечете го брзо за да избегнете
повратен удар.
8.
Електричен клуч за стартување, доколку има:
Завртете го електричниот
клуч за стартување на позицијата ВКЛУЧЕНО / СТАРТ.