чистење и одржување _
47
ЧИСТЕЊЕ
И
ОДРЖУВАЊЕ
ЗАМЕНА НА СВЕТИЛКАТА
Опасност од електричен удар!
Пред да ја замените светилката во рерната, направете ги следните чекори:
• Исклучете ја рерната;
• Исклучете ја рерната од напојувањето; и
• Заштитете ја светилката во рерната и стакленото капаче поставувајќи
крпа на дното на рерната.
Соодветна светилка можете да купите во сервисниот центар на SAMSUNG.
Замена на задната светилка во рерната и чистење на
стакленото капаче
1.
Извадете го капачето завртувајќи го спротивно
од стрелките на часовникот.
2.
Извадете ги металните прстени и исчистете го
стакленото капаче.
3.
Доколку е потребно, заменете ја халогената
светилка со светилка за рерна - отпорна на
топлина до 300 °C, 25 вати, 230 V.
Секогаш употребувајте ткаенина кога ракувате
со халогената светилка за да не ја замастите
површината на светилката со прстите.
4.
Поставете ги металните прстени на стакленото
капаче.
5.
Повторно наместете го стакленото капаче.
Замена на страничната светилка во рерната и чистење на
стакленото капаче
1.
За да го извадите стакленото капаче,
придржете го долниот дел со една рака,
вметнете остар рамен предмет како на пример
нож помеѓу стаклото и рамката и извлечете го
капачето.
2.
Доколку е потребно, заменете ја халогената
светилка со светилка за рерна која е отпорна
на топлина од 25 ~ 40 вати, 230 V, 300 °C.
Секогаш употребувајте ткаенина кога
ракувате со халогената светилка за да не
ја замастите површината на светилката со
прстите.
3.
Повторно наместете го стакленото капаче.
BQ2Q7G214_BOL_DG68-00447J-01_MK.indb 47
7/4/2013 1:20:14 PM