Македонски - 6
Мерки на претпазливост за микробрановата печка
Користете само прибор наменет за микробранови печки. Не користете
метални садови, позлатени или посребрени садови, ражени итн.
Отстранете ги врвките за заврзување. Може да настане електрично празнење.
Не користете ја печката за сушење весници или облека.
Користете пократки времиња за мали количини на храна за да спречите
прегревање или горење на храната.
Чувајте ги кабелот за напојување и приклучокот за напојување подалеку од
вода и извори на топлина.
За да избегнете ризик од експлозија, не загревајте јајца со лушпи или тврдо
варени јајца. Не загревајте херметички или вакуумирани садови, ореви,
домати итн.
Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа или весници. Тоа
претставува опасност од пожар. Печката може да се прегрее и автоматски да
се исклучи, а ќе остане исклучена сè додека не се излади доволно.
При вадење садови секогаш користете ракавици.
Промешајте ги течностите при загревањето или по завршување на
загревањето и оставете го садот со течности најмалку 20 секунди по
загревањето за да спречите превривање.
Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата за да не
добиете изгореници од жешкиот воздух или пареата која излегува.
Не употребувајте ja печката кога е празна. Печката автоматски ќе се исклучи
по 30 минути заради безбедносни причини. Ви препорачуваме постојано да
ставате чаша со вода во печката за апсорбирање на микробрановата енергија
доколку печката случајно се активира.
Инсталирајте ја печката во согласност со слободниот простор наведен во ова
упатство. (погледнете го делот за инсталирање на микробрановата печка.)
Бидете внимателни при приклучувањето на останатите електрични уреди во
штекер во близина на печката.
Мерки на претпазливост за ракување со микробрановата печка
Непридржувањето кон следните безбедносни мерки може да доведе до
штетно изложување на микробранова енергија.
•
Печката не треба да се користи со отворена врата. Не чепкајте ги
безбедносните брави (шарките од вратата). Не ставајте ништо во отворите
на безбедносните брави.
•
Не поставувајте предмети помеѓу вратата на печката и предниот дел и не
дозволувајте да има храна или талог на делот за затворање. Чистете ги
вратата и површините за затворање по секоја употреба, бришејќи ги со
влажна крпа, а потоа со мека и сува крпа.
•
Не користете ја печката доколку е оштетена. Продолжете да ја користите
само откако ќе ја поправи квалификувано техничко лице.
Важно
: вратата на печката мора да биде правилно затворена. Вратата не
смее да биде свиткана; шарките на вратата не смеат да бидат скршени или
лабави; површините за затворање на вратата и печката не смеат да бидат
оштетени.
•
Сите прилагодувања или поправки мора да ги врши квалификувано
техничко лице.
MS23F301TAS_OL_DE68-04182L-04_MK.indd 6
MS23F301TAS_OL_DE68-04182L-04_MK.indd 6
29/6/2022 9:22:31 AM
29/6/2022 9:22:31 AM