12
Македонски
Употреба на печката
Како работи микробрановата печка
Микробрановите се електромагнетни бранови со висока фреквенција; ослободената енергија овозможува
готвење или подгревање на храната без промена на нејзината форма или боја.
Можете да ја користите микробрановата печка за:
• Одмрзнување
• Подгревање
• Готвење
Принцип на готвење.
1.
Микробрановите генерирани од магнетрон се
распределуваат рамномерно со вртењето на
храната поставена на плочата. На овој начин
храната се готви рамномерно насекаде.
2.
Храната ги апсорбира микробрановите до длабочина
од приближно 1 инч (2,5 cm). Готвењето потоа
продолжува со распределување на топлината во
внатрешноста на храната.
3.
Времето на готвење се менува во зависност од
садот кој се користи и карактеристиките на храната:
• Количество и густина
• Содржина на вода
• Почетна температура (дали е замрзната или не)
ВНИМАНИЕ
Бидејќи централниот дел на храната се готви преку распределување на топлината, готвењето продолжува
и по вадењето на храната од печката. Времето на стоење на храната назначено во рецептите или во ова
упатство мора да се почитува за да се обезбеди:
• Рамномерна зготвеност на храната и во средишниот дел.
• Подеднаква температура на целата храна.
Проверка дали печката работи исправно
Следната едноставна процедура ќе ви овозможи да проверите дали вашата микробранова печка работи
исправно. Доколку се сомневате, погледнете во поглавјето “
ЗАБЕЛЕШКА
Печката мора да биде поврзана со соодветен ѕиден приклучок. Плочата мора да биде поставена во
печката. Доколку не се користи максималното ниво на јачина (100 % - 850 W), ќе биде потребно подолго
време за зовривање на водата.
Отворете ја вратата од печката. Поставете чаша со вода на плочата. Затворете ја вратата.
Поставете го времето на 4 или 5 минути, со
притиснување на копчето
Нагоре
или
Надолу
соодветен
број пати.
Печката ја загрева водата 4 или 5 минути. Потоа водата
треба да зоврие.
Употреба на печката
MG22M8074AT_OL_DE68-04445J-01_MK.indd 12
2017-11-29 5:51:41