Безбедносни инструкции
4
Македонски
Безбедносни инструкции
Неодржувањето на печката во чиста состојба може да ја оштети
површината и да го расипе уредот или да предизвика несакани
опасни ситуации.
Уредот е наменет само за вградена монтажа. Не поставувајте го
уредот во орманот.
Метални садови за храна и пијалоци не се дозволени при
готвењето во микробрановата печка.
Внимавајте да не ја поместите вртливата плоча кога ги
отстранувате садовите од уредот.
Уредот не треба да се чисти со уред за чистење со пареа.
Уредот не треба да се чисти под млаз вода.
Овој уред не е наменет за инсталирање во возила од типот на
комби, каравани и слично.
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи
деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности,
недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не
се надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на
лицето одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе
години и лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку
истите се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење
на уредот на безбеден начин и им се објаснат можните
опасности. Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и
одржувањето од страна на корисникот не треба да го вршат деца
без соодветен надзор.
Овој уред треба да може да се исклучува од мрежата за
напојување по неговата инсталација. Исклучувањето може да
се изврши ако имате пристап до приклучокот или ако вградите
прекинувач во фиксната инсталација во согласност со правилата
за поставување инсталација.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да се замени од
страна на производителот, сервисерот или други квалификувани
лица со цел да се избегнат какви било опасности.
Оваа печка треба да се постави во соодветна насока и висина
кои ќе овозможат лесен пристап до внатрешноста и делот за
управување.
Пред да ја употребите печката за прв пат, печката треба да
работи со вода во рок од 10 минути, па потоа да се користи.
Ако печката создава чуден звук, мирис на запалено или испушта
чад, веднаш извадете го приклучокот за напојување и обратете се
до најблискиот сервисен центар.
MG22M8074AT_OL_DE68-04445J-01_MK.indd 4
2017-11-29 5:51:39