Македонски 17
Упо
тре
ба на пе
чк
ат
а
Во следната табела се претставени големините на порциите и соодветните инструкции за 15-те однапред
програмирани опции за готвење. Овие програми се користат со комбинација од грејач за топлотни
бранови и микробранови.
ВАЖНО
Употребувајте ракавици при вадењето на храната.
Код/Храна
Големина на
порции
Инструкции
1
Домашен гратин
од зеленчук
600 g
•
Состојки
400 g сецкан зеленчук (на пр. тиквички, домати, компир,
кромид, пипер), 75 ml павлака, 25 g сматени јајца, сол,
пипер, 75 g рендана моцарела, лажица магдонос или
рузмарин
•
Начин
Исплакнете го зеленчукот и исечете го на парчиња со
дебелина од 3~5 mm. Ставете ги парчињата во сад за
гратин, околу 14 x 22 cm, измешајте ги павлаката, јајцата,
солта и пиперот и додајте ги одозгора. Распоредете
го изренданото сирење одозгора. Ставете го садот на
вртливата плоча.
Сервирајте со неколку ливчиња мајчина душица.
Код/Храна
Големина на
порции
Инструкции
2
Домашни лазањи
550 g
•
Состојки
150 g мелено говедско месо, 100 g сос од домати, 50 ml
телешки сос, 75 g суви кори за лазањи (4 кори), ½ кромид
(исецкан),
1 лаж. суви парчиња магдонос, оригано, босилек, 100 g
рендана моцарела, 1 лаж. маслиново масло
•
Начин
- Сос од домати
Загрејте го маслото во тава за пржење, а потоа згответе
го меленото телешко месо со исецканиот кромид околу
10 мин. додека не поцрвени. Истурете врз сосот од домати
и телешкиот сос, а потоа додајте ги сувите зачини. Зовријте
ги, а потоа оставете да се динста 10 мин.
- Лазањи
Згответе го тестото за лазањите според инструкциите на
пакувањето. Ставете го тестото за лазањи, сосот за месото
и половина од сирењето во сад за гратин, околу 14 x 22 cm,
а потоа повторете ја постапката. На крај распоредете го
преостанатото моцарела сирење подеднакво врз слојот од
тестото за лазањи. Ставете го садот на вртливата плоча.
3
Печени компири
500 g
(2-3 парчиња)
•
Состојки
2-3 компири, сол, пипер, 2 лаж. маслиново масло,
50 g рендана моцарела
•
Начин
Исчистете ги компирите и пресечете ги надолжно на
половина. Зачинете ги компирите со сол, пипер и масло.
Распоредете го изренданото сирење одозгора. Ставете ги
компирите на решетката.
MG23K3575AS_OL_DE68-04403H-00_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 17
2/29/2016 11:04:51 AM