28 Македонски
Во
ди
ч з
а г
от
вење
Водич за готвење
Водич за готвење на ориз и тестенини
Ориз:
Употребете голем стаклен огноотпорен сад со капак - при готвење оризот двојно го
зголемува волуменот. Гответе покриено.
По готвењето, промешајте пред да отстои и додадете сол, зачин или путер.
Забелешка: оризот може да не ја апсорбира целата вода по истекот на времето за готвење.
Тестенини:
Употребете голем стаклен огноотпорен сад. Додадете врела вода, малку сол и добро
промешајте. Гответе непокриено.
Промешувајте повремено за време и после готвењето. Покријте додека стои и потоа
исцедете.
Храна
Големина на порции
Напојување
Време (мин.)
Бел ориз
(полуварен)
250 g
800 W
16-17
Инструкции
Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.
Интегрален ориз
(полуварен)
250 g
800 W
21-22
Инструкции
Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.
Мешан ориз
(ориз + див ориз)
250 g
800 W
17-18
Инструкции
Додадете 500 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.
Мешани житарици
(ориз + жито)
250 g
800 W
18-19
Инструкции
Додајте 400 ml ладна вода. Почекајте 5 минути.
Тестенини
250 g
800 W
11-12
Инструкции
Додадете 1000 ml топла вода. Почекајте 5 минути.
Подгревање
Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време од стандардниот шпорет.
Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата од табелата. Времињата во
табелата се однесуваат на течности на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на
температура од +5 до +7 °C.
Распоредување и покривање
Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо – тие може премногу да се испечат на надворешниот
слој без да се загрее внатрешниот дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.
Нивоа на јачина и промешување
Некоја храна може да се подгрева со јачина од 800 W додека друга со јачина од 600 W, 450 W или дури
300 W.
Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е да се подгрева храната со помала
јачина, доколку таа е деликатна, во поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).
Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето за најдобри резултати. Кога е
можно, промешајте повторно пред сервирање.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради заштита од превривање и можни
изгореници, промешајте пред, за време и по загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат. Ви
препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во течностите. Избегнувајте прегревање
(а со тоа и намалување на квалитетот) на храната.
Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е потребно да додадете дополнително
време.
Време на греење и стоење
Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време – може да ви користи во иднина.
Секогаш проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно стоплена.
Оставете ја храната да постои одредено време по подгревањето - за да се изедначи
температурата.
Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е поинаку прикажано во табелата.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебе. Погледнете го делот за безбедносни мерки.
MG23K3575AS_OL_DE68-04403H-00_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 28
2/29/2016 11:04:53 AM