
34 Македонски
Во
ди
ч з
а г
от
вење
Водич за готвење
Совети и трикови
ТОПЕЊЕ ПУТЕР
Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак.
Загревајте 30-40 секунди со јачина од 800 W, додека путерот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЧОКОЛАДО
Ставете 100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад.
Загревајте 3-5 минути, со јачина од 450 W додека чоколадото не се истопи.
Промешајте еднаш или двапати за време на топењето. Употребете ракавици при вадењето!
ТОПЕЊЕ КРИСТАЛИЗИРАН МЕД
Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад.
Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W додека медот не се истопи.
ТОПЕЊЕ ЖЕЛАТИН
Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода.
Ставете го исцедениот желатин во мал длабок стаклен огноотпорен сад.
Загревајте 1 минута со јачина од 300 W.
Промешајте после топењето.
ПОДГОТВУВАЊЕ ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ (ЗА КОЛАЧИ И ТОРТИ)
Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода.
Гответе непокриено во стаклен огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со јачина од 800 W, додека
глазурата/преливот не стане проѕирен(а). Промешајте двапати додека готвите.
ПОДГОТВУВАЊЕ ЏЕМ
Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен огноотпорен сад со капак.
Додадете 300 g шеќер и промешајте добро.
Гответе покриено околу 10-12 минути со јачина од 800 W.
Промешајте неколку пати додека готвите. Истурете директно во мали тегли со капак.
Затворете по 5 минути.
ПОДГОТВУВАЊЕ ПУДИНГ
Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на производителот и добро
промешајте. Употребете погоден стаклен огноотпорен сад со капак. Гответе покриено околу
6½ до 7½ минути со јачина од 800 W. Промешајте добро неколку пати додека готвите.
ПЕЧЕЊЕ БАДЕМИ
Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна големина.
Промешајте неколку пати за време на печењето од 3½ до 4½ минути со јачина од 600 W.
Оставете да отстојат 2-3 минути во печката. Употребете ракавици при вадењето!
MG23K3575AS_OL_DE68-04403H-00_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 34
2/29/2016 11:04:54 AM