253
8. ПРОВЕРКА НА ЗАВРТКИ, НАВРТКИ И
ШРАФОВИ
■ Затегнете ги олабавените завртки и навртки.
■ Проверете дали има истекување на гориво и
масло.
■ Заменете ги оштетените делови со нови.
9. ЧИСТЕЊЕ НА ВНАТРЕШНОСТА НА
ПУМПАТА (видете сл. -
–
)
(со исклучок на EW2050H, EW3050H)
Ако внатрешноста на пумпата е затната со мали
камчиња или ако внатрешноста на пумпата треба
да се исчисти, можете да ја исчистите внатрешноста
на пумпата така што ќе го отстраните капакот
на куќиштето користејќи имбус клуч кој доаѓа со
пумпата.
Додадениот имбус клуч (8 мм) е прикачен на
горниот дел на куќиштето. (видете сл. - )
(1) Отстранување на капакот на куќиштето (видете
сл. - )
Отстранете ги 4-те имбус завртки.
(2) Чистење на внатрешноста на пумпата (видете
сл. - )
По
отстранувањето
на
камчињата
и
нечистотијата од внатрешноста на пумпата,
исплакнете ја со чиста вода.
Објаснување на сл. -
Капак на куќиште
O-прстен
Потрудете се да не го оштетите О-прстенот бидејќи
тоа ќе предизвика истекување на водата.
Ако О-прстенот е деформиран или оштетен,
заменете го со нов.
(3) Враќање на капакот на куќиштето (видете сл. - )
Зацврстете ги 4-те имбус завртки.
6. ПОДГОТОВКИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ
1. ВОДА (видете сл. - )
Испуштете ја сета вода од чепот за испуштање.
ВНИМАНИЕ
Кога го затегате чепот за испуштање,
осигурете се дека сте го исчистиле чепот
за испуштање и навојот на куќиштето.
Во спротивно, навојот може да се оштети.
2. ИСКЛУЧЕТЕ ГО ЦРЕВОТО ЗА ДОВОД
Навалете ја пумпата и испуштете ја сета вода
од отворот за довод. Може да настане сериозно
оштетување на пумпата ако замрзне водата во
комората за пумпање.
3. ИСПУШТАЊЕ НА ГОРИВО
(видете сл. - )
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Забрана за оган
Ако не го користите моторот подолго од 1 месец,
испуштете го горивото за да спречите слепување
во системот за гориво и деловите на карбураторот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■
Отстранете го статичкиот електрицитет
од вашето тело пред полнењето бензин.
Искрењето од електростатско празнење
може да предизвика палење на
испареното гориво (бензин) што ќе
доведе до изгореници.
Статичкиот електрицитет може да се
ослободи од телото преку допирање со
рака на металните делови од уредот.
■
Секогаш складирајте го/носете го
горивото (бензин) во метални подвижни
резервоари за да спречите пожар.
■ Отстранете ја чашката на филтерот, ставете
го филтерот над сад и отворете го вентилот
на филтерот за да испуштите гориво од
резервоарот за гориво.
■ Отстранете ја завртката за испуштање
од комората со пловка на карбураторот и
испуштете гориво.
4. МОТОРНО МАСЛО (видете сл. - )
■ Заменете го моторното масло со свежо масло.
■ Извадете ја свеќичката, истурете околу 5 cc
моторно масло во цилиндарот, полека повлечете
ја рачката за стартување на рачниот стартер 2
или 3 пати, и повторно ставете ја свеќичката.
5. ЧИСТЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ
■ Полека повлечете ја рачката на рачниот стартер
се додека не се почувствува отпор и оставете ја
во таа положба.
■ Темелно исчистете ја пумпата со намастена
крпа, ставете го капакот и складирајте ја
пумпата внатре во добро проветрена област со
мала влажност.
Summary of Contents for EW2050H
Page 3: ...2 4 3 5 6 1 2 4 1 5 1 2 3 4 5 7 6 7 8 2 1 3 18 6 5 4 1 1 1 2 ...
Page 4: ...6 7 8 9 10 1 2 8 3 2 1 ...
Page 315: ...311 ...