249
3. ПОДГОТОВКА ЗА СТАРТУВАЊЕ
(Bидете сл. )
1. ПОВРЗЕТЕ ГО ЦРЕВОТО ЗА
ВШМУКУВАЊЕ (видете сл. - )
Употребувајте црево со зајакнати ѕидови или
црево со плетена жица за да спречите колапс на
вшмукувањето. Бидејќи времето за автоматско
полнење на пумпата е директно пропорционално
со должината на цревото, се препорачува кратко
црево.
ВНИМАНИЕ
Секогаш користете филтер со цревото
за вшмукување. Чакалот или отпадоците
вшмукани во пумпата ќе предизвикаат
сериозно оштетување на роторот и на
куќиштето на пумпата.
2. ПОВРЗЕТЕ ГО ЦРЕВОТО ЗА ДОВОД
(видете сл. - )
Кога користите платнено црево, секогаш користете
стега за црево за да спречите цревото да се откачи
при висок притисок.
3. ПРОВЕРКА НА МОТОРНОТО МАСЛО
(видете сл. - )
Пред проверувањето на моторното масло, или при
дополнување на моторно масло, осигурете се дека
моторот е ставен на стабилна, рамна површина и
е исклучен.
■ Не навртувајте го мерачот за масло во вратот на
филтерот за масло за да го проверите нивото на
масло. Ако нивото на масло е ниско, дополнете
до горното ниво со следното препорачано
масло.
■ Употребувајте 4-тактно автомобилско масло
со детергенти со класификација API, вид на
класа SE или повисока (SG, SH или SJ се
препорачува).
■ Изберете ја густината врз основа на
температурата на воздухот за време на
работењето како што е покажано во табелата.
(видете сл. - )
Објаснување на сл. -
Мерач на масло
Горно ниво
Долно ниво
Модел
Количество на масло
EW2050H
EW3050H
EW2051H
EW3051H
0,6 л
4. ПРОВЕРКА НА ГОРИВО (видете сл.
- )
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■
Не полнете гориво додека пушите, во
близина на отворен пламен или при
други такви потенцијални опасности од
пожар. Во спротивно може да дојде до
несакана појава на пожар.
■
Отстранете го статичкиот електрицитет
од вашето тело пред полнењето бензин.
Искрењето од електростатско празнење
може да предизвика палење на
испареното гориво (бензин) што ќе
доведе до изгореници.
Статичкиот електрицитет може да се
ослободи од телото преку допирање со
рака на металните делови од уредот и
пумпата за довод на гориво.
ЗАБЕЛЕШКА
ОВОЈ МОТОР Е СЕРТИФИЦИРАН ЗА
РАБОТА СО АВТОМОБИЛСКИ БЕЗОЛОВЕН
БЕНЗИН.
■ Исклучете го моторот и отворете го капачето.
■ Употребувајте само автомобилски безоловен
бензин.
●
Безоловен
обичен/премиум
или
реформулиран бензин кој не содржи повеќе
од 10% етанол (E10), или 15% MTBE исто така
може да се употребува.
●
Никогаш не употребувајте бензин што содржи
повеќе од 10% етанол, или MTBE кој надминува
15% бидејќи може да дојде до оштетување на
моторот или на системот за гориво.
●
Никогаш не употребувајте стар или загаден
бензин.
●
Употребувањето на овие непрепорачани горива
може да доведе до намалени перформанси при
работењето и/или отфрлање на гаранцијата.
Капацитет на резервоарот за гориво
Модел
Капацитет на резервоарот за
гориво во литри
EW2050H
EW3050H
EW2051H
EW3051H
3,2
■ Затворете го вентилот за гориво пред полнењето
на резервоарот за гориво.
■ Не полнете над горната точка на екранот на
филтерот за гориво (означено ), во спротивно,
горивото може подоцна да претече кога ќе се
загрее и прошири.
Summary of Contents for EW2050H
Page 3: ...2 4 3 5 6 1 2 4 1 5 1 2 3 4 5 7 6 7 8 2 1 3 18 6 5 4 1 1 1 2 ...
Page 4: ...6 7 8 9 10 1 2 8 3 2 1 ...
Page 315: ...311 ...