13
МАКЕДОНСКИ
УПОТРЕБА НА ФУНКЦИЈАТА ЗА АВТОМАТСКО
ПОДГРЕВАЊЕ
Функцијата за автоматско подгревање има четири однапред
програмирани времиња на подгревање.
Вие не мора да го поставувате времето на подгревање ниту пак нивото
на јачина.
Можете да го прилагодите бројот на порциите со притиснување на
копчињата ( ) и ( ).
Прво, поставете ја храната на средина од плочата и затворете ја
вратата.
1.
Изберете го типот на храната која ја подготвувате
со притиснување на копчето за
Автоматско
подгревање
( ) еднаш или повеќе пати.
2.
Изберете ја големината на порциите со
притиснување на копчињата ( ) и ( ).
(Користете ја табелата на наредната страница.)
3.
Притиснете го копчето .
Резултат :
Готвењето започнува. По
завршувањето.
1) Се слуша звучен сигнал "бип"
четирипати.
2) Сигналот за крај ќе го слушнете 3 пати (еднаш во
минута).
3) Моменталното време повторно се прикажува.
Користете само предмети кои можат безбедно да се користат во
микробранова печка.
ПОСТАВУВАЊЕ НА АВТОМАТСКО ПОДГРЕВАЊЕ
Во следната табела се претставени разните програми за автоматско
подгревање, количините, времињата на стоење и соодветните препораки.
Код/Храна
Порција
Време на
стоење
Препораки
1. Оброк во
чинија
(ладен)
300-350 g
400-450 g
500-550 g
3 мин.
Ставете го оброкот во
керамичка чинија и покријте
го со фолија за микробранови
печки. Овој програм е погоден за
оброци кои содржат 3 состојки
(на пр. месо со сос, зеленчук и
додатоци како компири, ориз
или тестенини).
2. Свеж
зеленчук
200-250 g
300-350 g
400-450 g
500-550 g
600-650 g
700-750 g
3 мин.
Зеленчукот измерете го по
миењето, чистењето и сечењето.
Ставете го во стаклен сад
со капак. Додадете 45 ml (3
лажици) вода при готвење на
200-450 g, додадете 60 ml (4
лажици) за 500-650 g и додадете
75 ml (5 лажици) за 700-750
g. Промешајте по готвењето.
(При подгревање на поголеми
количини, промешајте еднаш за
време на подгревањето.)
3. Парчиња
пилешко
200-300 g
(1 парче)
400-500 g
(2 парчиња)
600-700 g
(2-3 парчиња)
800-900 g
(3-4 парчиња)
3 мин.
Намачкајте ги парчињата со
масло и зачинете ги со црн
пипер, сол и црвен пипер.
Поставете ги на висока решетка
со кожата надолу. Завртете ја
храната кога печката ќе емитува
"бип" звук.
4. Замрзнати
парчиња
леб
100-150 g
(2 парчиња)
200-250 g
(4 парчиња)
300-350 g
(6 парчиња)
2 мин.
Поставете ги замрзнатите
парчиња леб кружно на метална
решетка. Завртете ја храната,
кога рерната ќе емитува "бип"
звук.
GE109M_BOL-03505V_MK.indd 13
2011-08-19 7:53:46