Македонски 29
Во
ди
ч з
а г
от
вење
Подгревање течности
Секогаш оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за да може температурата да
се изедначи. Промешајте за време на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по
загревањето. Заради заштита од превривање и можни изгореници, ставете пластична лажица или
стаклена прачка во пијалаците и промешајте пред, за време и по загревањето.
Подгревање храна за бебиња
Храна за бебиња:
Истурете ја во длабок керамички сад. Покријте со пластичен капак. Промешајте добро по загревањето!
Нека отстои 2-3 минути пред сервирањето. Промешајте повторно и проверете ја температурата.
Препорачана температура на сервирање: помеѓу 30-40 °C.
Млеко за бебе:
Истурете го млекото во стерилно стаклено шише. Не покривајте. Никогаш не загревајте го шишето
заедно со цуцлата, доколку се прегрее може да експлодира. Добро протресете пред да отстои и
повторно пред да сервирате! Секогаш внимателно проверете ја температурата на млекото или храната
пред да ја дадете на бебето. Препорачана температура на сервирање: прибл. 37 °C.
Забелешка:
Храната за бебиња мора внимателно да се провери пред употребата за да не се изгори бебето.
Употребете јачина и време од следната табела како упатство за подгревање.
Подгревање течности и храна
Употребете јачина и време од табелата како упатство за подгревање.
Храна
Големина на порции
Напојување
Време (мин.)
Пијалаци
(кафе, чај и вода)
150 ml (1 чаша)
250 ml (1 шолја)
800 W
1-1½
1½-2
Инструкции
Истурете во чаша и подгрејте непокриено. Ставете ја чашата/ шолјата на
средина од вртливата плоча. Оставете ги во микробрановата печка за
време на ладењето и промешајте добро. Почекајте 1-2 минути.
Супа (ладна)
250 g
800 W
3-3½
Инструкции
Истурете ја во длабок керамички сад. Покријте со пластичен капак.
Промешајте добро по загревањето. Промешајте повторно пред
сервирањето. Почекајте 2-3 минути.
Варена храна (ладна)
350 g
600 W
5½-6½
Инструкции
Ставете го варивото во длабока керамичка чинија. Покријте со пластичен
капак. Промешувајте повремено за време на готвењето и повторно пред
да отстои и да сервирате. Почекајте 2-3 минути.
Тестенини со сос
(ладни)
350 g
600 W
4½-5½
Инструкции
Ставете тестенини (на пр. шпагети или фиде) на плитка керамичка чинија.
Покријте со фолија за микробранови печки. Промешајте пред сервирање.
Почекајте 3 минути.
Полнети тестенини со
сос (ладни)
350 g
600 W
5-6
Инструкции
Ставете полнети тестенини (како равиоли, тортелини) во длабока
керамичка чинија. Покријте со пластичен капак. Промешувајте повремено
за време на готвењето и повторно пред да отстои и да сервирате.
Почекајте 3 минути.
MG23K3575AS_OL_DE68-04403H-00_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 29
2/29/2016 11:04:53 AM