MK
66
ПРЕД
ДА
ГО
КОРИСТИТЕ
УРЕДОТ
• Не преземаме одговорност за штета настаната поради
незаземјени приклучоци.
• Поставете го фрижидерот на место кое нема да биде изложено
на директна сончева светлина.
• Фрижидерот не смее никогаш да се користи на отворено или
да се остава на дожд.
• Треба да биде на најмалку 50 см од извори на топлина како
шпорети, фурни, радијатори и печки и најмалку на 5 см од
електрични фурни.
• Ако фрижидерот е веднаш до сандак за длабоко замрзнување,
неопходно е да се остави најмалку 2 см помеѓу нив со цел да
се избегне кондензација на надворешните површини.
• Не оставајте тешки предмети врз уредот.
• Целосно чистете го уредот, особено во внатрешноста, пред да
го користите (видете го делот Чистење и одржување).
• Постапката за инсталирање во кујнските елементи е дадена во
прирачникот за инсталација. Уредов е наменет за користење
единствено во соодветни кујнски елементи.
• Пред да го користите фрижидерот, избришете ги сите делови
одзади со топла вода во којашто ќе додадете една лажичка
сода бикарбона, потоа исплакнете ги со чиста вода и
избришете ги. Ставете ги сите делови на место по чистењето.
Пред да го користите ладилникот
• Кога го вклучувате фрижидерот по прв пат или по негово
преместување, оставете го во исправена положба 3 часа и
потоа вклучете го за да овозможите ефикасна работа. Во
спротивно, може да го оштетите компресорот.
• Фрижидерот може да има миризба кога ќе го вклучите по прв
пат. Миризбата ќе исчезне штом ладилникот ќе почне да лади.
Summary of Contents for RBE 27ETC61 FV
Page 147: ...52276944 ...