Македонски - 6
Децата на возраст помала од 8 години не треба да
бидат во близина, освен под постојан надзор.
ВНИМАНИЕ
: Готвењето мора да се надгледува.
Кратките процеси на готвење мора да се надгледуваат
континуирано.
Вратата или надворешната површина може да се
загрее при ракување со уредот.
Температурата на достапните површини може да биде
висока при ракување со уредот.
Површините се загреваат за време на употребата.
Уредите не се предвидени да бидат контролирани
од надворешни тајмери или одделни системи за
далечинска контрола.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и
повеќе години и лица со намалени физички, сетилни или
ментални способности, недоволно искусни или обучени
лица, доколку истите се надгледуваат или им се дадат
инструкции за користење на уредот на безбеден начин
и им се објаснат можните опасности. Децата не треба
да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето од
страна на корисникот не треба да го вршат деца, освен
ако се постари од 8 години и се надгледуваат.
Чувајте го уредот и неговиот кабел подалеку од дофат
на деца помали од 8 години.
Општа безбедност
Сите промени или поправки мора да ги врши само квалификуван персонал.
Не загревајте храна или течности затворени во садови со функцијата за
микробранови.
При чистење на печката не користете бензен, разредувач, алкохол, пареа или
уреди за чистење со висок притисок.
Не инсталирајте ја печката: покрај грејно тело или запалив материјал; места
кои се влажни, замастени, прашливи или изложени на директна сончева
светлина или вода; на места каде што се можни истекувања на гас; или на
нерамна површина.
Оваа печка мора да биде соодветно заземјена во согласност со локалните и
националните правила.
Често користете сува крпа за отстранување на надворешните супстанци од
контактите и приклучоците за напојување.
Кабелот за напојување не треба да се влече, прекумерно да се витка или да се
ставаат тешки предмети врз него.
Ако дојде до протекување на гас (пропан, LP итн.), проветрете ја просторијата
веднаш. Не допирајте го кабелот за напојување.
Не допирајте го кабелот за напојување со мокри раце.
При користењето, печката не треба да се исклучува со вадење на кабелот од
приклучокот за напојување.
Не ставајте ги прстите или други надворешни супстанци во внатрешноста.
Ако во печката навлезат надворешни супстанци, извадете го кабелот за
напојување и обратете се во локалниот сервисен центар на Samsung.
Не притискајте прекумерно и не удирајте врз печката.
Не поставувајте ја печката врз кршливи предмети.
Погрижете се напонот на напојувањето, фреквенцијата и струјата да
соодветствуваат со спецификациите на производот.
Вметнете го приклучокот за напојување цврсто во ѕидниот штекер. Не
употребувајте адаптери со повеќе приклучни места, продолжителни кабли или
електрични трансформатори.
Не закачувајте го кабелот за напојување на метални предмети. Проверете дали
кабелот е сместен измеѓу предмети или зад печката.
Не употребувајте оштетен приклучок за напојување, кабел за напојување
или штекер со раширени отвори. Доколку приклучоците или каблите за
напојување се оштетат, треба да се обратите во локалниот сервисен центар на
Samsung.
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 6
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 6
6/7/2022 12:46:09 PM
6/7/2022 12:46:09 PM