Македонски - 5
01
БЕЗБЕДНОСНИ ИНС
ТРУКЦИИ
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да
се замени од страна на производителот, сервисерот
или други квалификувани лица со цел да се избегнат
какви било опасности.
Оваа печка треба да се постави во соодветна
насока и висина кои ќе овозможат лесен пристап до
внатрешноста и делот за управување.
Пред да ја употребите печката за прв пат, печката
треба да работи со вода во рок од 10 минути, па
потоа да се користи.
Ако печката создава чуден звук, мирис на запалено
или испушта чад, веднаш извадете го приклучокот за
напојување и обратете се до најблискиот сервисен
центар.
Микробрановата печка треба да се постави на начин
на кој приклучокот ќе биде достапен.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Кога уредот работи во
комбиниран режим, децата може да ја употребуваат
печката само под надзор на возрасен заради
температурата која се ослободува.
За време на употребата апаратот се загрева.
Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните
делови во рерната.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Достапните делови може да се
загреат за време на употребата. Не дозволувајте им
на малите деца да бидат во близина.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри
метални жици за чистење на стаклото од вратата на
рерната кои може да го оштетат и да придонесат тоа
да се скрши.
Уредот не треба да се чисти со пареа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Исклучете го уредот пред
замената на светилката за да се избегне можноста од
електричен удар.
Уредот не смее да се монтира зад декоративна врата
за да не дојде до прегревање.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
: Уредот и неговите достапни
делови може да се загреат за време на употребата.
Внимавајте некој да не дојде во контакт со загреаните
делови.
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 5
MG23F301TAK_OL_DE68-04178G-05_MK.indd 5
6/7/2022 12:46:09 PM
6/7/2022 12:46:09 PM