Македонски |
215
Bosch Power Tools
1 609 92A 37T | (6.12.16)
Не го користете пневматскиот алат, доколку има
дефектен прекинувач за вклучување/исклучување.
Пневматскиот алат кој повеќе не може да се вклучи или
исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се
поправи.
Прекинете го напојувањето со воздух, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле алатот.
Овие превентивни мерки го
спречуваат невнимателниот старт на пневматскиот
уред.
Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
пневматските алати кои не ги користите. Овој
пневматски алат не смее да го користат лица кои не
се запознаени со него или не ги имаат прочитано
овие упатства.
Пневматските алати се опасни, доколку
ги користат неискусни лица.
Одржувајте ги грижливо пневматските алати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот алат. Поправете ги оштетените делови
пред користењето на пневматскиот алат.
Многу
несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните
пневматски алати.
Користете ги пневматските алати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
На тој
начин создавањето прав, вибрациите и создавањето
бучава ќе се намалат што е можно повеќе.
Пневматскиот алат треба да се употребува и
подесува исклучиво од страна на квалификувани и
школувани корисници.
Пневматскиот уред не смее да се модифицира.
Промените може да ја намалат делотворноста на
сигурносните мерки и да го зголемат ризикот за
корисниците.
Сервис
Поправката на Вашиот пневматски алат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на пневматскиот алат.
Безбедносни упатства за пневматски
импулсен одвртувач
Проверете дали е читлива спецификационата
плочка.
Доколку не е, заменете ја кај производителот.
Доколку се скрши делот што се обработува или еден
од деловите на опремата или пак пневматскиот
уред, деловите може да излетаат со голема брзина.
При користење како и поправки или одржување,
како и при размена на делови од опремата на
пневматскиот алат секогаш треба да носите заштита
за очите отпорна на удари. Степенот на потребната
заштита треба да се процени посебно за секоја
поединечна примена.
Никогаш не го вклучувајте пневматскиот алат,
додека го носите.
Ротирачкиот прифат на алатот може
да ја зафати облеката или косата и да доведе до
повреди.
Носете припиени ракавици.
Дршките од
пневматските алати стануваат ладни поради струењето
на компресиран воздух. Топлите дланки се помалку
чувствителни на вибрациите. Широките ракавици може
да се зафатат од ротирачките делови.
Држете ги дланките подалеку од работ на клучот за
втиснување и ротирачките алати за вметнување.
Никогаш не ги притискајте ротирачкиот алат за
вметнување или погонот.
Може да се повредите.
Бидете претпазливи при ограничени работни
околности.
Поради реакциските вртежни моменти
може да настане опасност од заглавување или
притискање.
Корисниците и персоналот за одржување мора да
бидат физички подготвени за да може да ја
поднесат големината, тежината и јачината на
пневматскиот алат.
Бидете подготвени на неочекувани движења на
пневматскиот алат, кои може да настанат како
последица од реакциската сила или кршењето на
алатот што се вметнува. Држете го пневматскиот
алат цврсто и застанете со телото и рацете во
позиција во која ќе може да ги задржите овие
движења.
Со почитување на овие мерки за
предупредување може да се избегнат повреди.
Користете помошни средства за прифат на
реакциските моменти како на пр. уред за потпора.
Доколку ова не е возможно, употребете
дополнителна дршка.
При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
При користењето на пневматскиот алат, на
корисникот при работењето може да му се појави
непријатно чувство во дланките, рацете, рамената,
грлото или на други делови од телото.
Додека работите со овој пневматски алат, застанете
во удобна позиција, внимавајте на држењето и
избегнувајте неповолни позиции или позиции во кои
е тешко да држите рамнотежа. За време на
долготрајна работа, корисникот треба повремено да
го промени држењето на телото, што може да
помогне при избегнувањето на непријатности и
уморување.
Доколку на корисникот му се појават симптоми како
на пр. трајна слабост, тегоби, болка, боцкање,
глувост, жештина или вкочанетост, овие
предупредувачки знаци не треба да се игнорираат.
Корисникот на алатот треба овие знаци да му ги
OBJ_BUCH-1993-004.book Page 215 Tuesday, December 6, 2016 12:07 PM