14
МАКЕДОНСКИ
15
пОСтАвувАњЕ НА врЕМЕтО
Вашата микробранова печка има вграден часовник. Кога напојувањето е
вклучено, на екранот автоматски ќе се прикаже “:0”, “88:88” или “12:00”.
Ве молиме поставете го моменталното време. Времето може да биде
прикажано во 24-часовен или 12-часовен формат. Часовникот мора да го
поставите:
• Кога првпат ја инсталирате вашата микробранова печка
• По прекин на напојувањето
Не заборавајте да го наместите часовникот при премин од летно
во зимско пресметување на времето и обратно.
функција за автоматско заштедување на енергија
Ако не изберете ниту една функција додека уредот ја поставува или се наоѓа
во состојбата на привремено прекинување, функцијата ќе биде откажана и
по 25 минути ќе се прикаже часовникот.
Лампата на печката ќе се исклучи по 5 минути доколку вратата е отворена.
1.
За да се прикаже времето во...
24-часовен формат
12-часовен формат
Притиснете го копчето за
Часовник
еднаш или
двапати.
2.
Поставете ги часовите со помош на копчето h и
минутите со помош на копчето min.
3.
Кога ќе се прикаже точното време, повторно
притиснете го копчето за
Часовник
за да го
активирате часовникот.
резултат:
Времето се прикажува секогаш кога
не ја користите микробрановата печка.
КАКО рАбОтИ МИКрОбрАНОвАтА пЕЧКА
Микробрановите се електромагнетни бранови со висока фреквенција;
ослободената енергија овозможува готвење или подгревање на храната
без промена на нејзината форма или боја.
Можете да ја користите микробрановата печка за:
• Одмрзнување
• Брзо подгревање/готвење
• Готвење
Принцип на готвење.
1.
Микробрановите генерирани од магнетрон се
распределуваат рамномерно со вртењето на
храната поставена на плочата. На овој начин
храната се готви рамномерно насекаде.
2.
Микробрановите се апсорбираат од храната до
длабочина од околу 1 инч (2,5 cm). Готвењето
потоа продолжува со распределување на
топлината во внатрешноста на храната.
3.
Времето на готвење се менува во зависност
од садот кој се користи и карактеристиките на
храната:
•
Количество и густина
•
Содржина на вода
•
Почетна температура (дали е замрзната или не)
Бидејќи централниот дел на храната се готви преку
распределување на топлината, готвењето продолжува и по
вадењето на храната од печката. Времето на стоење на храната
назначено во рецептите или во ова упатство мора да се почитува
за да се обезбеди:
• Рамномерна зготвеност на храната и во средишниот дел
• Подеднаква температура на целата храна
прОвЕрКА ДАЛИ пЕЧКАтА рАбОтИ ИСпрАвНО
Следната едноставна процедура ќе ви овозможи да проверите дали вашата
микробранова печка работи исправно. Отворете ја вратата од печката со
притиснување на големото копче во десниот долен агол од контролната
плоча.
Прво, поставете сад со вода на плочата. Потоа затворете ја вратата.
1.
Притиснете го копчето за
Power Level (Ниво на
јачина)
и поставете го времето на 4-5 минути
со притиснување на копчето
1 min
(1 минута)
соодветен број пати.
2.
Притиснете го копчето за
Start (Активирање)
(
).
резултат:
Печката ја загрева водата 4 до
5 минути. Потоа водата треба да
зоврие.
Печката мора да биде поврзана со соодветен ѕиден приклучок.
Плочата мора да биде поставена во печката. Доколку не се
користи максималното ниво на јачина, ќе биде потребно подолго
време за зовривање на водата.
пОСтАвувАњЕ НА рЕжИМОт зА зАШтЕДувАњЕ
НА ЕНЕргИЈА
Печката има режим за заштедување на енергија. Оваа функција заштедува
електрична енергија кога печката не е во употреба.
• притиснете го копчето за
заштедување на
енергија
.
• За прекинување на режимот за заштедување на
енергија, отворете ја вратата и на екранот ќе се
прикаже тековното време. Печката е подготвена за употреба.
GE83X_BOL_DE68-04056F-02_MK_131004.indd 14
2013-10-04 �� 6:36:55
Содержание GE83X
Страница 32: ...Кодов DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_BG_131004 indd 32 2013 10 04 6 42 00 ...
Страница 64: ...Код бр DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_MK_131004 indd 32 2013 10 04 6 37 00 ...
Страница 96: ...Kôd br DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_SR_131004 indd 32 2013 10 04 6 24 00 ...
Страница 128: ...Nr cod DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_RO_131004 indd 32 2013 10 04 6 34 52 ...
Страница 160: ...Nr i kodit DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_SQ_131004 indd 32 2013 10 04 6 25 08 ...
Страница 192: ...Br šifre DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_HR_131004 indd 32 2013 10 04 6 38 38 ...
Страница 224: ...Code No DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_EN_131004 indd 32 2013 10 04 7 13 41 ...