24
25
МАКЕДОНСКИ
ПОДГРЕВАЊЕ
Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време од
стандардниот шпорет.
Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата од
табелата. Времињата во табелата се однесуваат на течности на собна
температура од +18 до +20 °C или изладена храна на температура од +5 до
+7 °C.
Распоредување и покривање
Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо – тие може премногу
да се испечат на надворешниот слој без да се загрее внатрешниот дел.
Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.
Нивоа на јачина и промешување
Некоја храна може да се подгрева со јачина од 800 W додека друга со
јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.
Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е да се
подгрева храната со помала јачина, доколку таа е деликатна, во поголема
количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).
Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето за
најдобри резултати. Кога е можно, промешајте повторно пред сервирање.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради заштита
од превривање и можни изгореници, промешајте пред, за време и по
загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат. Ви препорачуваме
да ставите пластична или стаклена лажица во течностите. Избегнувајте
прегревање (а со тоа и намалување на квалитетот) на храната.
Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е потребно
да додадете дополнително време.
Време на греење и стоење
Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време – може да
ви користи во иднина.
Секогаш проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно
стоплена.
Дозволете храната да постои одредено време по подгревањето - за да се
изедначи температурата.
Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е поинаку
прикажано во табелата.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебе. Погледнете го делот
за безбедносни мерки.
ПОДГРЕВАЊЕ ТЕЧНОСТИ
Секогаш оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за да
може температурата да се изедначи. Промешајте за време на загревањето,
доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по загревањето. Заради
заштита од превривање и можни изгореници, ставете пластична лажица
или стаклена прачка во пијалаците и промешајте пред, за време и по
загревањето.
ПОДГРЕВАЊЕ ХРАНА ЗА БЕБИЊА
ХрАНА зА бЕбИњА:
Истурете ја во длабок керамички сад. Покријте со
пластичен капак. Промешајте добро по загревањето!
Нека отстои 2-3 минути пред сервирањето. Промешајте повторно и
проверете ја температурата.
Препорачлива температура за сервирање: помеѓу 30-40 °C.
МЛЕКО зА бЕбИњА:
Истурете го млекото во стерилно стаклено шише.
Не покривајте. Никогаш не загревајте го шишето заедно со цуцлата,
доколку се прегрее може да експлодира. Добро протресете пред да
отстои и повторно пред да сервирате! Секогаш внимателно проверете
ја температурата на млекото или храната пред да ја дадете на бебето.
Препорачлива температура за сервирање: околу 37 °C.
зАбЕЛЕШКА:
Храната за бебиња мора внимателно да се провери пред
употребата за да не се изгори бебето.
Употребете јачина и време од следната табела како упатство за
подгревање.
Подгревање храна и млеко за бебиња
Употребете јачина и време од табелата како упатство за подгревање.
Храна
порција
Напојување време
време на
стоење
(мин.)
Инструкции
Храна за бебе
(заленчук +
месо)
190 g
600 W
30 сек.
2-3
Истурете ја во длабок
керамички сад. Гответе
покриено. Промешајте
по времето за готвење.
Оставете 2-3 минути.
Пред сервирање,
промешајте и проверете ја
температурата.
Каша за бебе
(житарици
+ млеко +
овошје)
190 g
600 W
20 сек.
2-3
Истурете ја во длабок
керамички сад. Гответе
покриено. Промешајте
по времето за готвење.
Оставете 2-3 минути.
Пред сервирање,
промешајте и проверете ја
температурата.
Млеко за бебе
100 ml
300 W
30-40 сек.
2-3
Промешајте или
протресете и истурете
во стерилно стаклено
шише. Ставете го на
средината на плочата.
Гответе непокриено.
Протресете и оставете
да отстои околу 3
минути. Пред сервирање,
промешајте и проверете
ја температурата
внимателно.
200 ml
50 сек. до
1 мин.
GE83X_BOL_DE68-04056F-02_MK_131004.indd 25
2013-10-04 �� 6:36:59
Содержание GE83X
Страница 32: ...Кодов DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_BG_131004 indd 32 2013 10 04 6 42 00 ...
Страница 64: ...Код бр DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_MK_131004 indd 32 2013 10 04 6 37 00 ...
Страница 96: ...Kôd br DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_SR_131004 indd 32 2013 10 04 6 24 00 ...
Страница 128: ...Nr cod DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_RO_131004 indd 32 2013 10 04 6 34 52 ...
Страница 160: ...Nr i kodit DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_SQ_131004 indd 32 2013 10 04 6 25 08 ...
Страница 192: ...Br šifre DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_HR_131004 indd 32 2013 10 04 6 38 38 ...
Страница 224: ...Code No DE68 04056F 02 GE83X_BOL_DE68 04056F 02_EN_131004 indd 32 2013 10 04 7 13 41 ...