
117
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СИСТЕМОТ ЗА ВШМУКУВАЊЕ МОЖЕ НЕПЛАНИРАНО
ИЛИ СЛУЧАЈНО ДА СЕ ВКЛУЧИ: ЗАТОА НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ИМ НА ДЕЦАТА ИЛИ
НЕИСКУСНИТЕ ЛИЦА ДА БИДАТ ВО БЛИЗИНА НА УРЕДОТ
КАБЕЛСКИ ПРИКЛУЧОК
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Сите работи поврзани со електричните делови и кабел
скиот приклучок треба да ги врши квалификуван електричар.
Објаснување за бојата на проводниците:
Црна = фаза 1 (L1)
Сина = фаза 3 (L3)
Кафеава = фаза 2 (L2) Жолто-зелена = заземјување (PE)
Имајте предвид дека овој уред не поседува приклучок за нултиот проводник и
проводникот обележан со сина боја ја има функцијата на третата фаза.
Проверете го правецот на вртење на моторот! Ако правецот на вртење не е соодветен,
приспособете го со инвертор на фази во приклучокот.
Стручно лице треба да го провери приклучокот на заштитниот проводник!
МОТОР
Прашината во моторот може да доведе до прегревање на моторот. Внимавајте да
не влегуваат страни тела во моторот. Затоа редовно контролирајте ги отворите за
вентилација на моторот за да се уверите дека пропуштаат воздух. Сувата прашина
обично може да се издува.
ИМАЈТЕ ПРЕДВИД ДЕКА:
Моторите на машините за обработка на дрвен материјал обично се чуствителни на
прашина и затоа мора редовно да се чистат од прашина и деланки по пат на дување,
односно вшмукување за да се обезбеди нормална вентилација.
Издувајте ги прашината и деланките од моторот со малку притисок.
ВНИМАНИЕ: За да се избегне оштетување на очите или опасни реакции
поради прашината, вашата работна просторија треба секогаш да биде добро
проветрена.
За време на чистењето на уредот за вшмукување треба да се носат заштитни очила
и филтер-маски. Сервисирањето (со исклучок на вообичаеното чистење) треба да го
вршат само овластени стручни лица.
ИМАЈТЕ ПРЕДВИД ДЕКА:
Бројот на вртежи на моторот на уредот за вшмукување не може да се регулира или
промени. Не е неопходно приспособување.
1188909 BDA 3000 ASA.indd 117
10.03.15 12:01