
110
13. ГРИЖЛИВО ОДРЖУВАЈТЕ ГИ ВАШИТЕ УРЕДИ
Одржувајте ги уредите остри и чисти за да постигнете највисок степен на
безбедност и капацитет.
14. ИЗВЛЕЧЕТЕ ГО МРЕЖНИОТ ПРИКЛУЧОК
Пред да започнете со одржување, чистење или менување на деловите, уредот
мора да биде исклучен од изворот на напојување.
15. СПРЕЧЕТЕ ГО НЕПЛАНИРАНОТО СТАРТУВАЊЕ
Уверете се дека прекинувачот за вклучување/исклучување е во положба за
исклучување пред да го приклучите кабелот.
16. КОРИСТЕТЕ САМО СООДВЕТНИ ДОДАТОЦИ
Информирајте се за препорачаните додатоци преку упатството за употреба.
Почитувајте ги и следете ги соодветните упатства. Користењето на несоодветни
додатоци може да предизвика несреќа.
17. НИКОГАШ НЕ ПОТПИРАЈТЕ СЕ НА УРЕДОТ
Ако машината се искриви, може да предизвика сериозни повреди. Затоа
никогаш не складирајте го материјалот на висина која што бара да се качите врз
машината.
18. ПРОВЕРЕТЕ ГИ ОШТЕТЕНИТЕ ДЕЛОВИ
Пред да продолжите со користењето на машината треба внимателно да ги
проверите заштитните уреди или другите оштетени делови заради нивно
беспрекорно функционирање. Проверете ја и состојбата и местоположбата
на поврзувачките или подвижните делови заради нивно беспрекорно
функционирање. Деловите и заштитните уреди коишто не функционираат или
не работат беспрекорно мора уредно да се поправат или заменат.
19. НЕ ОСТАВАЈТЕ ЈА МАШИНАТА ВКЛУЧЕНА БЕЗ ДА ВРШИТЕ НАДЗОР
Исклучете ја машината. Не заминувајте пред машината да постигне целосна
состојба на мирување.
20. ДРОГИ, АЛКОХОЛ И ЛЕКОВИ
Никогаш не користете ја машината ако сте под влијание на дроги или алкохол
или ако сте земале лекови.
21. Мрежниот приклучок треба редовно да се контролира во однос на оштетувања,
како на пример појава на пукнатина или застарување. Ако забележите некое
оштетување, кабелот треба да се замени со варијанта каква што веќе е
употребена на уредот, имено H05VV-F 4G1,00 mm
2
од страна на стручни лица
пред да продолжите со користење на уредот.
22. Овој уред не е наменет за користење од страна на лица (вклучувајќи деца)
со ограничени физички, моторни или психички способности или недоволно
искуство и/или недостаток на познавање, бидејќи во спротивно тие треба
да бидат надгледувани од одговорно лице поради нивна безбедност или пак
да добијат упатства од тоа лице како се користи уредот. Децата треба да се
надгледуваат за да се уверите дека не си играат со уредот.
1188909 BDA 3000 ASA.indd 110
10.03.15 12:01