
108
• Не користете го уредот ако кабелот, приклучокот или некои други делови се оштетени.
• Ако уредот не функционира непречено, недостасуваат делови, се превртел, е ош-
тетен, стоел на отворено или се натопил, веднаш однесете го на сервисирање.
• Мрежниот приклучок не допирајте го со водени раце.
• Не ставајте предмети во отворите за вшмукување и одржувајте ги чисти и од
други предмети коишто може да го намалат капацитетот на вшмукување.
• Внимавајте вашата коса, лабавата облека или вие да не дојдете во контакт со
отворите, односно подвижните делови на уредот.
• Уредот приклучувајте го само на исправни и заземјени приклучоци (види
„Кабелски приклучок“).
ВНИМАНИЕ! За да не го преоптоварите системот за вшмукување прашина
во случаи на висок работен капацитет, треба постојано да ја контролирате
количината на вшмуканата прашина. Бидејќи спецификациите за уредот се
различни за различни видови работа, потребно е одржувањето да се прис-
пособи на спецификацијата.
Безбедноста се достигнува преку квалификација, постојаната претпазливост за
време на работата и познавањето на сопствениот уред.
ПРЕД ДА ПОЧНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ СИСТЕМОТ ЗА ВШМУКУВАЊЕ:
ВНИМАНИЕ! ЗА ДА СЕ ИЗБЕГНЕ ПОЈАВАТА НА ГРЕШКИ КОИШТО МОЖЕ
ДА ДОВЕДАТ ДО СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА ИЛИ ТРАЈНО ОШТЕТУВАЊЕ, НЕ
ПРИКЛУЧУВАЈТЕ ГО УРЕДОТ НА МРЕЖАТА ПРЕД СООДВЕТНО ДА ГИ ПРЕЗЕМЕТЕ
СЛЕДНИВЕ ЧЕКОРИ:
1. Склопување, монтажа и поставување на уредот.
2. Запознајте се со правилното управување и функцијата на прекинувачот за
вклучување/исклучување (ON/OFF).
3. Прочитајте ги и почитувајте ги сите безбедносни упатства и упатствата за
упрвување со уредот во упатството за употреба.
4. Прочитајте ги и следете ги сите упатства коишто се наоѓаат на горната и долната
страна на куќиштето за филтерот и на куќиштето за моторот.
ПРЕД СЕКОЈА УПОТРЕБА:
1. Проверете го системот за вшмукување. Ако некои делови недостасуваат, ако се
свиткани или ако електричните делови не функционираат непречено, исклучете го
уредот. Заменете ги оштетените, дефектните или деловите што недостасу- ваат пред
повторното пуштање во погон.
2. Не работете непромислено со цел да се заштитите себеси и сопствените очи,
раце, лице и уши.
a. Носете заштитни очила (очила без стакло) кои соодветствуваат со CE-нормата. При
работењето на машини и со машини може да излетаат страни тела кон очите и да
предизвикаат сериозни, трајни последици. Користењето очила поради стакло или
заштитни очила кои не соодветствуваат на CE-нормата може да доведе до повреда
на очите со скршеното стакло или распарчените делови од очилата.
b. Носете маска против прашина кога ги менувате вреќите за прашина.
ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА НА ДОФАТ.
1188909 BDA 3000 ASA.indd 108
10.03.15 12:01