115
ВОВЕД
Овој систем за вшмукување прашина е специјално наменет за преземање на
прашината и деланките од дрвениот материјал директно од машината за об-
работка. Не користете го како правосмукалка во буквална смисла.
ВНИМАНИЕ! Куќиштето на вентилаторот има перки кои се движат со голема
брзина и ја транспортираат прашината со голема брзина, а може да ги пре-
сечат прстите и да ги зафатат лабавите парчиња од облеката, како на пример
марами и слично.
РАБОТЕТЕ САМО СО ЦЕЛОСНО ОПРЕМЕН УРЕД.
НИКОГАШ НЕ ОБИДУВАЈТЕ СЕ ДА ГО ЧИСТИТЕ УРЕДОТ, ДА ГИ ОТСТРАНУВАТЕ
ВРЕЌИТЕ ЗА ПРАШИНА ИЛИ ДА ВРШИТЕ НЕКОЈА ПОПРАВКА ДОДЕКА УРЕДОТ Е
ВКЛУЧЕН.
Овој систем за вшмукување е наменет за користење од страна на аматери и за
домашна употреба.
ВАЖНО:
Прочитајте ги внимателно СИТЕ упатства од ова упатство за употреба.
Појавата на електростатичко празнење е нормална во суви зони, односно при
намалена влажност на воздухот. Најдобрата можност за редуцирање на појавата
на електростатичко празнење во вашиот дом е поставувањето на навлажнувачи на
воздухот.
ОПАСНОСТ: значи дека, ако не се почитуваат безбедносните упатства,
последиците од тоа непочитување се сериозни или дури и смртоносни.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: значи дека, ако не се почитуваат безбедносните
упатства, последиците од тоа непочитување може да бидат сериозни или
дури и смртоносни.
ВНИМАНИЕ: значи дека, ако не се почитуваат безбедносните упатства,
последиците од тоа непочитување може да бидат сериозни.
1188909 BDA 3000 ASA.indd 115
10.03.15 12:01