625
Прирачник за ракување
DE
EN
FR
IT
ES
PT
NL
SV
FI
DA
NO
EL
CZ
HU
PL
HR
SR
SK
SL
ET
LT
LV
RO
BG
MK
Прирачник за ракување
Безбедносни инструкции
Почитувајте ги следните инструкции и препораки
со цел да гарантирате непопречено полнење
со полначот:
– Кога монтирате нова електрична приклучница,
изберете индустриски електричен отвор со
највисоката можна достапна струја (адаптиран
на домашната електрична инсталација)
ОПАСНОСТ
Струен удар, краток
спој, пожар, експлозија
Користењето на оштетен или дефектен кабел за
полнење или на оштетена или дефектна електрична
приклучница, несоодветното користење на полначот
или непочитувањето на безбедносните инструкции
може да предизвика кратки споеви, струјни удари,
експлозии, пожар или изгореници.
e
Користете само додатоци, на пр. уред за
напојување и кабли за возилото коишто се
одобрени и набавени од Porsche.
e
Не користете оштетен и/или извалкан полнач.
Проверете го кабелот и поврзувањето на
приклучокот од оштетување и нечистотија
пред употреба.
e
Поврзувајте го полначот само со правилно
инсталирани и неоштетени електрични
приклучници и електрични инсталации
без дефект.
e
Не користете продолжни кабли, намотки за
кабел, продолжни кабли со повеќе
приклучници или адаптери (за патување).
e
Отстранете го полначот од електричната
мрежа за време на бури.
e
Не менувајте и не поправајте било кој од
електричните компоненти.
e
Дефектите и поправките нека ги вршат само
квалификувани електричари.
ОПАСНОСТ
Струен удар, пожар
Неправилно инсталираните електрични
приклучници може да предизвикаат струен удар
или пожар кога високонапонската батерија се полни
со помош на отворот за полнење на возилото.
e
Само квалификуван електричар смее да врши
тестирање на електричното напојување
и инсталација и првично работење на
електричната приклучница за полначот.
Квалификуваниот електричар е целосно
одговорен за усогласеноста со релевантните
стандарди и регулативи. Porsche препорачува
партнер на Porsche бидејќи тој има обучен
персонал во сервисната работилница, како
и потребните делови и алат.
e
Напречниот пресек на електричниот кабел за
електричната приклучница мора да се
дефинира во согласност со должината на
жиците и со локално применливите
регулативи и стандарди.
e
Електричната приклучница која се користи за
полнење мора да се поврзе со одделно
снабдено електрично коло кое е во согласност
со локалните закони и стандарди.
e
Неовластени лица на пример деца кои си
играат, или животни не смеат да имаат пристап
до полначот и возилото за време на полнење
без надзор.
e
Секогаш читајте ги безбедносните инструкции
во Инструкциите за монтирање и Прирачникот
за употреба.
e
Полначот е наменет да се користи во приватни
и полу-јавни области, на пример: приватни
имоти или компаниски паркинзи за автомобили.
Во некои земји, на пр. во Италија и Нов Зеланд
1)
,
режимот за полнење 2 е забранет во
јавни
области
.
1) Време на печатење. Дополнителни информации се
достапни квалификувана стручна сервисна
работилница или кај вашиот локален снабдувач со
електрична енергија. Porsche препорачува партнер на
Porsche бидејќи тој има обучен персонал во сервисната
работилница, како и потребните делови и алат.
ОПАСНОСТ
Струен удар, пожар
Неправилното ракување со контактите на
приклучокот може да доведе до струен удар
или пожар.
e
Не допирајте ги контактите на отворот за
полнење и полначот на возилото.
e
Не внесувајте никакви предмети во отворот за
полнење или полначот на возилото.
e
Заштитете ги електричните приклучници
и приклучоците од влага, вода и други течности.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Запаливи или
експлозивни пареи
Компонентите на полначот може да предизвикаат
искри и да запалат запаливи или експлозивни
пареи.
e
За да се намали ризикот од експлозија –
особено во гаражи – осигурете се дека
контролната единица е лоцирана најмалку
50 cm над подот за време на полнење.
e
Не монтирајте го полначот во потенцијално
експлозивни атмосфери.