252
4. ПРОМЕНА НА МОТОРНО МАСЛО
(видете сл. - , )
Прва промена на масло: по 20 часа работење
Потоа: секои 100 работни часа
(1) Кога менувате масло, запрете го моторот и
олабавете го чепот за испуштање. Испуштете
го искористеното масло кога моторот е топол.
Топлото масло се испушта брзо и целосно.
ВНИМАНИЕ
За да спречите повреда, внимавајте на
жешкото масло.
Осигурете се дека капачето за гориво
е цврсто затегнато за да избегнете
истекување.
(2) Вратете го на место чепот за испуштање масло
пред да полните масло.
Модел
Количество на масло
EW2050H
EW3050H
EW2051H
EW3051H
0,6 л
(3) Погледнете на страница 249 за препорачаното
масло.
■ Секогаш употребувајте масло од највисока
категорија и чистота. Загадено масло, масло
со слаб квалитет и недостаток на масло
предизвикуваат оштетување на моторот или
скратување на работниот век на моторот.
5. ЧИСТЕЊЕ НА ЧАШКАТА ЗА ГОРИВО
(видете сл. - )
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Забрана за оган
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Отстранете го статичкиот електрицитет од
вашето тело пред полнењето бензин.
Искрењето од електростатско празнење
може да предизвика палење на
испареното гориво (бензин) што ќе доведе
до изгореници.
Статичкиот електрицитет може да се
ослободи од телото преку допирање со
рака на металните делови од уредот.
(1) Проверете дали чашката за гориво содржи вода
и нечистотии. (видете сл. - - )
(2) За да ги отстраните водата и нечистотијата,
затворете го вентилот за гориво и отстранете ја
чашката за гориво.
(3) По отстранувањето на нечистотијата и водата,
измијте ја чашката за гориво со керозин или
бензин. Вратете ја безбедно на нејзиното место
за да спречите истекување.
6. ЧИСТЕЊЕ НА ПРОЧИСТУВАЧОТ ЗА
ВОЗДУХ (видете сл. - )
Нечистиот елемент на прочистувачот за воздух ќе
предизвика потешкотии при стартувањето, загуба
на моќност, неправилна работа на моторот и
особено ќе го скрати работниот век на моторот.
Секогаш одржувајте го елементот на прочистувачот
за воздух чист.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Забрана за оган
■ Чистење на уретанската пена (видете сл.
- - )
Измијте ја и исчистете ја уретанската пена со
детергент.
По чистењето, исушете ја. Чистете го елементот
од уретанска пена на секои 50 часа.
■ Втор елемент (видете сл. - - )
Исчистете со нежно потчукнување за да ја
отстраните нечистотијата и да ја издувате
прашината. Никогаш не користете масло.
Чистете го елементот од хартија на секои 50
часа работење и менувајте го сетот елементи
на секои 200 часа.
ЗАБЕЛЕШКА
Чистете ги и менувајте ги елементите на
прочистувачот за воздух почесто кога работите во
правливи опкружувања. Заменете го елементот
во случај ако нечистотијата или прашината не
може да се отстранат и/или кога елементот е
деформиран или оштетен.
7. ЗАМЕНА НА ЦРЕВО ЗА ГОРИВО
(видете сл. - )
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
■
Бидете особено внимателни кога го
менувате цревото за гориво; бензинот е
екстремно запалив.
■
Отстранете го статичкиот електрицитет
од вашето тело пред полнењето бензин.
Искрењето од електростатско празнење
може да предизвика палење на
испареното гориво (бензин) што ќе
доведе до изгореници.
Статичкиот електрицитет може да се
ослободи од телото преку допирање со
рака на металните делови од уредот.
Менувајте го цревото за гориво на секои 1 000 часа
или секои 2 години.
Ако истекува гориво од цревото за гориво, веднаш
заменете го цревото за гориво.
Содержание EW2050H
Страница 3: ...2 4 3 5 6 1 2 4 1 5 1 2 3 4 5 7 6 7 8 2 1 3 18 6 5 4 1 1 1 2 ...
Страница 4: ...6 7 8 9 10 1 2 8 3 2 1 ...
Страница 315: ...311 ...