7
6
МАКЕДОНСКИ
ИНСТАЛИРАЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Поставете ја печката на рамна површина на
височина од 85 cm од подот. Површината треба
да е доволно цврста за да ја издржи тежината на
печката.
1.
Кога ја поставувате печката,
оставете соодветен простор за
вентилација од најмалку
10 cm (4 инчи) одзади и од страните
и 20 cm (8 инчи) одгоре.
2.
Отстранете ја амбалажата од внатрешноста на
печката.
3.
Поставете ги кружниот прстен и плочата.
Проверете дали чинијата се врти слободно.
(само модел со вртлива плоча)
4.
Микробрановата печка треба да се постави така
да приклучокот биде достапен.
Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора
да се замени од страна на производителот,
сервисерот или други квалификувани лица со
цел да се избегнат несакани ситуации.
За ваша безбедност, приклучете го кабелот во
соодветен AC приклучок со заземјување.
Не поставувајте ја микробрановата печка
во топла и влажна околина како на пример
во близина на шпорет или радијатор.
Спецификациите за напојување на печката треба
да се почитуваат и секој продолжителен кабел
треба да ги задоволува истите стандарди кои
важат за кабелот кој се испорачува со печката.
Пред првото користење на микробрановата
печка избришете ја внатрешноста и вратата за
затворање со влажна крпа.
ЧИСТЕЊЕ НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА
Следните делови од микробрановата печка треба да
се чистат редовно за да не се таложат остатоци од
маснотии и храна:
• Внатрешните и надворешните површини
• Вратата и шарките
• Плочата и кружните прстени
(само модел со вртлива плоча)
СЕКОГАШ
проверете дали шарките од вратата
се чисти и дали вратата е добро затворена.
Неодржувањето на печката во чиста состојба
може да ја оштети површината и да го расипе
уредот или да предизвика несакани опасни
ситуации.
1.
Исчистете ја внатрешноста со мека крпа и топла
вода со сапуница. Исплакнете и исушете.
2.
Отстранете ја нечистотијата од внатрешната
површина на печката со насапунета крпа.
Исплакнете и исушете.
3.
За да ги отстраните тврдокорните нечистотии и
мирисот, ставете чаша со разблажен лимонов сок
во печката и загрејте десет минути со најголема
јачина.
4.
Измијте ја вртливата плоча кога тоа ќе биде
потребно, може и во машина за миење садови.
НЕМОЈТЕ
да истурате вода на вентилацијата.
НИКОГАШ
не употребувајте абразивни или
хемиски средства. При чистењето на шарките од
вратата особено внимавајте да нема остатоци:
• Кои се наталожени
• Го попречуваат затворањето на вратата
Исчистете
ја внатрешноста на микробрановата
печка по секоја употреба со благ раствор од
детергент, но не правете го тоа веднаш, оставете
да се олади за да не се изгорите.
Кога го чистите внатрешниот горен
дел од печката, најдобро е да го
спуштите грејачот за 45 ° и потоа да
исчистите.
(само модели со подвижен грејач)
10 cm
одзади
20 cm
одгоре
10 cm од
страна
85 cm од
подот
GW731K-B_BOL_DE68-04092B-03_MK_150212.indd 6
2015-02-14 �� 5:08:28
Summary of Contents for GW731K
Page 106: ...34 SRPSKI NAPOMENA NAPOMENA GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SR_150212 indd 34 2015 02 14 5 16 04 ...
Page 107: ...35 SRPSKI NAPOMENA NAPOMENA GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SR_150212 indd 35 2015 02 14 5 16 04 ...
Page 142: ...34 ROMÂNĂ NOTĂ NOTĂ GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_RO_150212 indd 34 2015 02 14 5 11 06 ...
Page 143: ...35 ROMÂNĂ NOTĂ NOTĂ GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_RO_150212 indd 35 2015 02 14 5 11 06 ...
Page 178: ...34 SHQIP SHËNIM SHËNIM GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SQ_150212 indd 34 2015 02 14 5 13 35 ...
Page 179: ...35 SHQIP SHËNIM SHËNIM GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SQ_150212 indd 35 2015 02 14 5 13 35 ...
Page 250: ...34 ENGLISH NOTE NOTE GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_EN_150212 indd 34 2015 02 14 4 58 53 ...
Page 251: ...35 ENGLISH NOTE NOTE GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_EN_150212 indd 35 2015 02 14 4 58 53 ...