15
МАКЕДОНСКИ
ПОДГРЕВАЊЕ
Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време
од стандардниот шпорет.
Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата
од табелата. Времињата во табелата се однесуваат на течности
на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на
температура од +5 до +7 °C.
Распоредување и покривање
Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо - тие може премногу
да се испечат на надворешниот слој без да се загрее внатрешниот
дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.
Нивоа на јачина и промешување
Некоја храна може да се подгрева со јачина од 750 W додека друга со
јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.
Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е
да се подгрева храната со помала јачина, доколку таа е деликатна, во
поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).
Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето
за најдобри резултати. Кога е можно, промешајте повторно пред
сервирање.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради
заштита од превривање и можни изгореници, промешајте пред,
за време и по загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат.
Ви препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во
течностите. Избегнувајте прегревање (а со тоа и намалување на
квалитетот) на храната.
Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е
потребно да додадете дополнително време.
Време на греење и стоење
Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време - може
да ви користи во иднина.
Секогаш проверете дали храната што ја подгревате е рамномерно
стоплена.
Дозволете храната да постои одредено време по подгревањето - за да
се изедначи температурата.
Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е
поинаку прикажано во табелата.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебе. Погледнете го
делот за безбедносни мерки.
ПОДГРЕВАЊЕ ТЕЧНОСТИ
Секогаш оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи
за да може температурата да се изедначи. Промешајте за време
на загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по
загревањето. Заради заштита од превривање и можни изгореници,
ставете пластична лажица или стаклена прачка во пијалаците и
промешајте пред, за време и по загревањето.
ПОДГРЕВАЊЕ ХРАНА ЗА БЕБИЊА
хрАНА зА бЕбИњА:
Истурете ја во длабок керамички сад. Покријте
со пластичен капак. Промешајте добро по загревањето! Нека отстои
2-3 минути пред сервирањето. Промешајте повторно и проверете ја
температурата. Препорачлива температура за сервирање: помеѓу
30-40 °C.
МлЕКО зА бЕбИњА:
Истурете го млекото во стерилно стаклено
шише. Не покривајте. Никогаш не загревајте го шишето заедно со
цуцлата, доколку се прегрее може да експлодира. Добро протресете
пред да отстои и повторно пред да сервирате! Секогаш внимателно
проверете ја температурата на млекото или храната пред да ја дадете
на бебето. Препорачлива температура за сервирање: околу 37 °C.
ЗАБЕЛЕШКА:
Храната за бебиња мора внимателно да се провери пред употребата
за да не се изгори бебето.
Употребете јачина и време од следната табела како упатство за
подгревање.
GE71A-BOL_DE68-04050C_MK.indd 15
2011-09-06 10:30:04
Summary of Contents for GE71A
Page 22: ...22 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GE71A BOL_DE68 04050C_BG indd 22 2011 09 06 10 27 03 ...
Page 23: ...23 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GE71A BOL_DE68 04050C_BG indd 23 2011 09 06 10 27 03 ...
Page 46: ...22 МАКЕДОНСКИ Забелешка Забелешка GE71A BOL_DE68 04050C_MK indd 22 2011 09 06 10 30 04 ...
Page 47: ...23 МАКЕДОНСКИ Забелешка Забелешка GE71A BOL_DE68 04050C_MK indd 23 2011 09 06 10 30 04 ...
Page 70: ...22 SRPSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_SR indd 22 2011 09 06 10 34 58 ...
Page 71: ...23 SRPSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_SR indd 23 2011 09 06 10 34 58 ...
Page 94: ...22 ROMÂNĂ Notă Notă GE71A BOL_DE68 04050C_RO indd 22 2011 09 06 10 32 58 ...
Page 95: ...23 ROMÂNĂ Notă Notă GE71A BOL_DE68 04050C_RO indd 23 2011 09 06 10 32 58 ...
Page 118: ...22 SHQIP Shënim Shënim GE71A BOL_DE68 04050C_SQ indd 22 2011 09 06 10 34 04 ...
Page 119: ...23 SHQIP Shënim Shënim GE71A BOL_DE68 04050C_SQ indd 23 2011 09 06 10 34 04 ...
Page 142: ...22 HRVATSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_HR indd 22 2011 09 06 10 29 05 ...
Page 143: ...23 HRVATSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_HR indd 23 2011 09 06 10 29 05 ...
Page 166: ...22 ENGLISH Note Note GE71A_BOL_DE68 04050C_EN indd 22 2011 09 06 10 25 58 ...
Page 167: ...23 ENGLISH Note Note GE71A_BOL_DE68 04050C_EN indd 23 2011 09 06 10 25 58 ...