7
МАКЕДОНСКИ
По инсталирањето, потребно е да бидете во можност да го
исклучите уредот. Исклучувањето може да се изврши ако
имате пристап до приклучокот или ако вградите прекинувач во
фиксната инсталација во согласност со правилата за поставување
инсталација. (само модел за вградување)
ВНИМАНИЕ
Користете садови исклучиво наменети за употреба во
микробранови печки; НЕ употребувајте метални садови, тенџериња
со златни и сребрени делови, ражен, вилушки и сл.
Отстранете ги врвките од хартиените и пластични ќеси.
Причина: Електрично празнење или искри може да предизвикаат
оштетување на печката.
Кога загревате храна во пластични или хартиени кеси, внимавајте
да не дојде до палење.
Не сушете весници или облека во микробрановата печка.
Користете пократки времиња за помали количини на храна за да
спречите прегревање и горење на храната.
Ако се појави чад, исклучете го уредот или прекинете го напојувањето
и оставете ја вратата затворена за да се изгасне пламенот;
Чистете ја печката редовно и отстранете ги сите остатоци од храна;
Не го потопувајте кабелот или приклучокот за напојување во вода и
држете го кабелот за напојување подалеку од топлина.
Јајца со лушпа и тврдо варени јајца не треба да се загреваат во
микробрановата печка, бидејќи може да експлодираат, дури и ако
печката повеќе не е вклучена; Исто така, не загревајте херметички или
вакуумирани шишиња, тегли, садови, ореви со лушпа, домати и сл.
Не покривајте ги отворите за вентилација со крпа или весници. Тие
може да се запалат од топлиот воздух кој излегува од внатрешноста
на печката. Исто така, печката може да се прегрее и автоматски да
се исклучи, а ќе остане исклучена сè додека не се излади доволно.
Секогаш употребувајте ракавици при вадење на сад од печката за
да не добиете изгореници.
Не допирајте ги загреаните делови или внатрешноста на печката сè
додека не се оладат.
Промешајте ги течностите при загревањето или по завршување на
загревањето и оставете го садот со течности најмалку 20 секунди
по загревањето за да спречите превривање.
Немојте да приоѓате премногу блиску кога ја отворате вратата за
да не добиете изгореници од жешкиот возудх или пареата која
излегува.
Не употребувајте ja микробрановата печка кога е празна.
Микробрановата печка автоматски ќе се исклучи за 30 минути
заради безбедносни причини. Ви препорачуваме постојано да
ставате чаша со вода во печката за апсорбирање на микробрановата
енергија доколку микробрановата печка случајно се активира.
Не употребувајте јаки абразивни средства или остри метални жици
за чистење на стаклото од вратата на печката кои може да го
оштетат и да придонесат тоа да се скрши.
Инсталирајте ја печката во согласност со слободниот простор кој е
наведен во ова упатство.
(погледнете го делот за инсталирање на микробрановата печка)
Внимавајте при приклучувањето на останатите електрични уреди во
штекер во близина на печката.
ПрАВИлНО ДЕПОНИрАњЕ НА ОВОЈ ПрОИзВОД
(ОтПАДНА ЕлЕКтрИчНА И ЕлЕКтрОНСКА ОПрЕМА)
(Применливо во Европската унија и другите европски земји со системи
за одвојување на отпадот)
Оваа ознака на производот, приборот или литературата означува дека
производот и неговиот електронски прибор (на пр. полначот, слушалките,
USB кабелот) на крајот од нивниот работен век не треба да се отстрануваат
заедно со останатиот отпад од домаяинството. За избегнување на возможна
штета врз околината или човечкото здравје предизвикана со неконтролирано
фрлање отпад, Ве молиме да ги одвоите овие предмети од другите видови
отпад и одговорно да ги рециклирате заради унапредување на еколошки
оправдано повторно користење на материјалните ресурси.
Физичките лица можат да се обратат или во продавницата каде што го купиле
овој производ или во службите на локалната самоуправа, за детали каде и
како да извршат рециклирање на производот на начин безбеден по околината.
Деловните корисници можат да се обратат до својот снабдувач и да ги
проверат одредбите и условите во договорот за набавка. Овој производ и
неговиот електронски прибор не треба да се мешаат со друг комерцијален
отпад.
GE71A-BOL_DE68-04050C_MK.indd 7
2011-09-06 10:30:02
Summary of Contents for GE71A
Page 22: ...22 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GE71A BOL_DE68 04050C_BG indd 22 2011 09 06 10 27 03 ...
Page 23: ...23 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GE71A BOL_DE68 04050C_BG indd 23 2011 09 06 10 27 03 ...
Page 46: ...22 МАКЕДОНСКИ Забелешка Забелешка GE71A BOL_DE68 04050C_MK indd 22 2011 09 06 10 30 04 ...
Page 47: ...23 МАКЕДОНСКИ Забелешка Забелешка GE71A BOL_DE68 04050C_MK indd 23 2011 09 06 10 30 04 ...
Page 70: ...22 SRPSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_SR indd 22 2011 09 06 10 34 58 ...
Page 71: ...23 SRPSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_SR indd 23 2011 09 06 10 34 58 ...
Page 94: ...22 ROMÂNĂ Notă Notă GE71A BOL_DE68 04050C_RO indd 22 2011 09 06 10 32 58 ...
Page 95: ...23 ROMÂNĂ Notă Notă GE71A BOL_DE68 04050C_RO indd 23 2011 09 06 10 32 58 ...
Page 118: ...22 SHQIP Shënim Shënim GE71A BOL_DE68 04050C_SQ indd 22 2011 09 06 10 34 04 ...
Page 119: ...23 SHQIP Shënim Shënim GE71A BOL_DE68 04050C_SQ indd 23 2011 09 06 10 34 04 ...
Page 142: ...22 HRVATSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_HR indd 22 2011 09 06 10 29 05 ...
Page 143: ...23 HRVATSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_HR indd 23 2011 09 06 10 29 05 ...
Page 166: ...22 ENGLISH Note Note GE71A_BOL_DE68 04050C_EN indd 22 2011 09 06 10 25 58 ...
Page 167: ...23 ENGLISH Note Note GE71A_BOL_DE68 04050C_EN indd 23 2011 09 06 10 25 58 ...