6
МАКЕДОНСКИ
Не ставајте запаливи материјали во печката. Обрнете посебно
внимание при загревање на храна или пијалоци кои содржат
алкохол бидејќи алкохолната пареа може да дојде во контакт со
некој жежок дел од печката.
Микробрановата печка е наменета за користење единствено на
работна маса во кујна и таа не смее да се поставува во орман.
(само модел за на работна маса)
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Уредот и неговите достапни делови може
да се загреат за време на употребата. Внимавајте некој да не дојде
во контакт со загреаните делови. Децата на возраст помала од 8
години не треба да бидат во близина, освен под постојан надзор.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Дозволена е употреба од страна на деца без
надзор единствено во случај кога се дадени соодветни инструкции
за детето да може да ја користи печката на безбеден начин и
доколку ја разбира опасноста од неправилна употреба.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе
години и лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности, недоволно искусни или обучени лица, доколку истите
се надгледуваат или им се дадат инструкции за користење на
уредот на безбеден начин и им се објаснат можните опасности.
Децата не треба да си играат со уредот. Чистењето и одржувањето
од страна на корисникот не треба да го вршат деца без соодветен
надзор.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Ако вратата или делот за затворање се
оштетени, печката не треба да се употребува сè додека не се
поправи од страна на квалификувано лице.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Ризично е лицата кои не се компетентни
да вршат сервис или поправка со отстранување на капакот кој
овозможува заштита од микробрановата енергија.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Исклучете го уредот пред замената на
светилката за да се избегне можноста од електричен удар.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Течностите и останатата храна не смеат да
се загреваат во затворени садови за да не дојде до експлозија.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Достапните делови може да се загреат за
време на употребата. За да избегнете изгореници не дозволувајте
им на малите деца да бидат во близина.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Загревањето на течности во печката може
да доведе до задоцнето вриење, затоа внимавајте кога ракувате
со садот; За да се заштитите во ваква ситуација СЕКОГАШ
оставете време од 20 секунди откако печката ќе се исклучи за
да може температурата да се изедначи. Промешајте за време на
загревањето, доколку е потребно, и СЕКОГАШ промешајте по
загревањето.
Во случај на изгореници, следете ги овие инструкции за ПРВА
ПОМОШ:
• Изгорената површина потопете ја во ладна вода најмалку
10 минути.
• Покријте ја со чиста, сува крпа.
• Не ставајте креми, масла или лосиони.
За време на употребата апаратот се загрева. Внимавајте некој да
не дојде во контакт со загреаните делови во печката.
ПрЕДуПрЕДуВАњЕ:
Содржината на шишињата и тегличките
со храна за деца треба да се промешаат или протресат и да се
провери температурата пред употребата, за некој да не се изгори;
Уредот не е наменет за употреба од страна на лица (вклучувајќи и
деца) со намалени физички, сетилни или ментални способности,
недоволно искусни или обучени лица, освен доколку истите не се
надгледуваат или не им се дадени инструкции од страна на лицето
одговорно за нивната безбедност.
Оваа печка треба да се постави во соодветна насока и висина
кои ќе овозможат лесен пристап до внатрешноста и делот за
управување.
Пред да ја употребите печката за прв пат, печката треба да работи
со вода во рок од 10 минути, па потоа да се користи.
Микробрановата печка треба да се постави така да приклучокот
биде достапен. Ако печката создава чуден звук, мирис на запалено
или испушта чад, веднаш извадете го приклучокот за напојување и
обратете се до најблискиот сервисен центар.
За време на чистењето, површините може да се загреат повеќе од
вообичаено, па затоа не дозволувајте им на малите деца да бидат
во близина. (само модел со функција за чистење)
Истурената храна мора да се отстрани пред чистењето, а садовите
кои треба рачно да се измијат може да останат во печката за време
на чистењето. (само модел со функција за чистење)
GE71A-BOL_DE68-04050C_MK.indd 6
2011-09-06 10:30:00
Summary of Contents for GE71A
Page 22: ...22 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GE71A BOL_DE68 04050C_BG indd 22 2011 09 06 10 27 03 ...
Page 23: ...23 БЪЛГАРСКИ Забележка Забележка GE71A BOL_DE68 04050C_BG indd 23 2011 09 06 10 27 03 ...
Page 46: ...22 МАКЕДОНСКИ Забелешка Забелешка GE71A BOL_DE68 04050C_MK indd 22 2011 09 06 10 30 04 ...
Page 47: ...23 МАКЕДОНСКИ Забелешка Забелешка GE71A BOL_DE68 04050C_MK indd 23 2011 09 06 10 30 04 ...
Page 70: ...22 SRPSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_SR indd 22 2011 09 06 10 34 58 ...
Page 71: ...23 SRPSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_SR indd 23 2011 09 06 10 34 58 ...
Page 94: ...22 ROMÂNĂ Notă Notă GE71A BOL_DE68 04050C_RO indd 22 2011 09 06 10 32 58 ...
Page 95: ...23 ROMÂNĂ Notă Notă GE71A BOL_DE68 04050C_RO indd 23 2011 09 06 10 32 58 ...
Page 118: ...22 SHQIP Shënim Shënim GE71A BOL_DE68 04050C_SQ indd 22 2011 09 06 10 34 04 ...
Page 119: ...23 SHQIP Shënim Shënim GE71A BOL_DE68 04050C_SQ indd 23 2011 09 06 10 34 04 ...
Page 142: ...22 HRVATSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_HR indd 22 2011 09 06 10 29 05 ...
Page 143: ...23 HRVATSKI Napomena Napomena GE71A BOL_DE68 04050C_HR indd 23 2011 09 06 10 29 05 ...
Page 166: ...22 ENGLISH Note Note GE71A_BOL_DE68 04050C_EN indd 22 2011 09 06 10 25 58 ...
Page 167: ...23 ENGLISH Note Note GE71A_BOL_DE68 04050C_EN indd 23 2011 09 06 10 25 58 ...