119
МАКЕДОНСКИ
ВАЖНО - ОТСТРАНУВАЊЕ БИГОР
Многу е важно да ја извршите постапката за отстранување бигор кога индикаторот EASY
DE-CALC ќе почне да трепка и апаратот ќе почне да дава непрекинат звучен сигнал.
Индикаторот EASY DE-CALC ќе почне да трепка и апаратот ќе почне да дава непрекинат звучен
сигнал по приближно еден месец или 10 пеглања, што укажува на тоа дека треба да се отстрани
бигорот од апаратот. Извршете ја следната постапка за отстранување бигор пред да продолжите со
пеглање.
За да избегнете ризик од изгореници, исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се
олади најмалку два часа пред да ја извршите постапката за отстранување бигор.
1
Извлечете го приклучокот од ѕидниот штекер (сл. 16).
2
Поставете го апаратот на работ на масата.
3
Држете чаша (со капацитет од најмалку 350 ml) под регулаторот EASY DE-CALC и завртете
го регулаторот спротивно од насоката на стрелките на часовникот (сл. 17).
4
Извадете го регулаторот EASY DE-CALC и оставете водата со честички на бигор да истече во
чашата (сл. 18).
5
Кога ќе престане да тече вода од апаратот, вратете го регулаторот EASY DE-CALC и завртете
го во насоката на стрелките на часовникот за да го прицврстите. (сл. 19)
ВАЖНО – Отстранување бигор од грејната плоча
Ако не ја користите функцијата EASY DE-CALC редовно, може да се наталожат честички на
бигор во грејната плоча и таа може да остава кафени дамки при пеглањето. Во тој случај,
треба да го отстраните бигорот од грејната плоча со следење на долунаведената постапка. Ви
препорачуваме да ја повторите постапката два пати за подобро да ја исчистите грејната плоча.
За да избегнете ризик од изгореници, исклучете го апаратот од штекер и оставете го да се
олади најмалку два часа пред да го отстраните бигорот од грејната плоча.
1
Извадете го приклучокот од ѕидниот штекер (сл. 16).
2
Поставете го апаратот на работ на масата.
3
Проверете дали резервоарот за вода е празен.
4
Држете чаша (со капацитет од најмалку 350 ml) под регулаторот EASY DE-CALC и завртете
го регулаторот во спротивна насока од стрелките на часовникот (сл. 17).
5
Извадете го регулаторот EASY DE-CALC и оставете водата со честички на бигор да истече во
чашата (сл. 18).
6
Држете го апаратот во положбата во која отворот EASY DE-CALC е свртен нагоре и сипете
900 ml дестилирана вода во отворот (сл. 20).
Забелешка: имајте предвид дека апаратот е тежок кога ќе го навалите.
7
Држете го отворот EASY DE-CALC свртен нагоре, вратете го регулаторот EASY DE-CALC и
завртете го во насока на стрелките на часовникот за да го стегнете (сл. 21).
8
Вратете го апаратот на стабилна и рамна површина. Приклучете го апаратот во штекер и
вклучете го (сл. 22).
9
Почекајте 5 минути за да се загрее апаратот.
10
Држете го притиснато копчето за пареа додека ја движите пеглата преку парче дебела
ткаенина во траење од 3 минути (сл. 15).
Предупредување: од грејната плоча излегува врела и нечиста вода.
11
Престанете да ја движите пеглата кога ќе престане да излегува вода или кога ќе почне да
излегува пареа.
Summary of Contents for PerfectCare Elite GC9600 Series
Page 170: ......