11
Готвењето во халогенска рерна може да
одземе и до третина помалку од времето
потребно во конвенционална рерна.
Халогенската рерна троши помалку струја од
конвенционалната.
Халогенската рерна ви овозможува да готвите
здрави јадења со малку маснотии.
Вентилаторот на оваа халогенска рерна
обезбедува рамномерно готвење на храната.
Оваа халогенска рерна има функција на
автоматско чистење за лесно и брзо чистење.
Дизајнот на халогенската рерна овозможува
лесен транспорт.
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА
Проверете дали струјниот кабел виси над
работ на масата или работниот простор.
Штекерот треба да биде лесно достапен, за
апаратот да може бргу и лесно да се исклучи
во итни ситуации. Алтернативно, рерната
може да се приклучи во согласност со
упатствата за електрично поврзување во
штекер кој овозможува апаратот веднаш да се
исклучи. Приклучете го апаратот на
соодветно инсталиран еднофазен, заземјен
штекер со наизменична струја од 230 V / 50
Hz. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! АПАРАТОТ МОРА
ДА БИДЕ ЗАЗЕМЈЕН! Производителот не
сноси одговорност за повреда или
оштетување доколку не се почитува ова
безбедносно предупредување.
За да се избегнат опасности, не приклучувајте
го апаратот на надворешен тајмер или на
систем за далечинско управување.
Не обидувајте се да ја замените сијаличката
во рерната и не дозволувајте некој друг да го
прави тоа освен доколку тоа не е лице
овластено од страна на сервисен центар на
Горење. Доколку сијаличката во рерната
треба да се замени, консултирајте се со
вашиот дилер или со најблискиот сервисен
центар на Горење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Во текот на
употребата, рерната и нејзините делови се
вжештуваат. Не допирајте ги жешките
површини. Држете ги настрана децата
помлади од 8 години, освен доколку не се под
постојан надзор.
Овој апарат може да го ракуваат деца
помлади од 8 години, како и лица со
намалени физички, сетилни или психолошки
способности, доколку се под надзор или
доколку им се дадени упатства за безбедно
користење на апаратот и доколку се свесни за
опасностите од употребата на истиот. Децата
треба да бидат под надзор додека го користат
апаратот и не смеат да си играат со него.
Децата не треба да ги вршат задачите на
чистење или одржување на апаратот, освен
доколку не се постари од 8 години и го прават
тоа под надзор.
Осигурете се дека апаратот и струјниот кабел
се надвор од дофат на деца помали од 8
години.
ВНИМАНИЕ:
Не употребувајте средства
за чистење рерна, средства за чистење со
пареа, корозивни или груби средства за
чистење, средства за чистење кои содржат
натриум хидроксид или сунѓери од челична
волна.
СОВЕТИ ЗА ГОТВЕЊЕ ВО ХАЛОГЕНСКА
РЕРНА
Пред да ја ставите храната на решетката,
може да ја попрскате решетката со масло. На
тој начин, храната нема да се лепи за
решетката.
Секогаш рамномерно распоредувајте ја
храната на решетката, на начин кој
овозможува слободно циркулирање на
воздух, зашто само така храната ќе биде
зготвена рамномерно.
Во текот на готвењето, редовно проверувајте
го процесот во стаклениот сад.
ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА НА
АПАРАТОТ
Извадете ја халогенската рерна и сите
елементи од амбалажата.
Исплакнете го стаклото со вода и исушете
го. Потоа, ставете го на држачот.
Ставете го капакот на садот и вклучете го
струјниот кабел.
Наместете ја температурата на 250 °C, а
тајмерот на 5 минути. Со тоа ќе се
отстранат сите фабрички миризби.
Кога апаратот за првпат се вклучува,
може за момент да се појави малку чад.
Тоа е нормално.
Кога ќе измине времето за готвење
подесено со тајмерот, апаратот ќе почне
да пушта звучни сигнали. Грејачот и
вентилаторот се исклучуваат.
Извадете го капакот и ставете го на
површина која е отпорна на топлина.
Почекајте апаратот да се излади.
КОРИСТЕЊЕ НА ХАЛОГЕНСКАТА
РЕРНА
Ставете го стаклениот сад на држачот и
изберете ја решетката (високата или ниската)
Summary of Contents for HOK1400W
Page 11: ...11 230 V 50 Hz 8 8 8 8 250 C 5...
Page 12: ...12 2 3 UA...
Page 13: ...13 1 2 3 4 5 6 7 8 60 9 10 0 250 C 230 50 Gorenje Gorenje 8 8 8 8 250 C 5...
Page 14: ...14 2 3 2 3...
Page 30: ...30 230 V 50 Hz Gorenje Gorenje 8 8 8 8 250 C 5...
Page 31: ...31 2 3 2 3...
Page 32: ...32 5 10 20 C 30 50 Gorenje GORENJE RU 1...
Page 33: ...33 2 3 4 5 6 7 8 60 9 10 0 250 11 230 50 Gorenje...
Page 34: ...34 250 5 2 3 2 3...
Page 35: ...35 5 10 20 30 50 Gorenje Gorenje Domestic Appliances GORENJE...