290
1. ВОВЕД
Ви благодариме што го избравте моделот на пумпа на EBARA
GSD. Ова упатство ја опишува точната процедура на исталација,
работење и одржување на производот. EBARA посветува големо
внимание на создавањето на своите производи за да бидат
безбедни за користење од страна на корисникот. Меѓутоа,
несоодветната употреба на оваа пумпа може да го намали
нејзиниот работен капацитет и да предизвика штети кај луѓе и
предмети.
Затоа, прочитајте ги внимателно упатствата пред да ја вклучите
пумпата. Оригиналниот јазик на кој се изготвени овие упатства е
италијанскиот, кој ќе преовладува во случај на несогласувања во
преводите. Во случај на сомнежи во врска со интерпретацијата,
контактирајте го овластениот препродавач или најблискиот
сервисен центар, наведувајќи ги податоците за идентификација
на пумпата прикажани на ТАБЛИЧКАТА СО ПОДАТОЦИ (види
поглавје 7. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ).
Овој прирачник е наменет:
• на пресоналот назначен од производителот/ дистрибутерот
задолжен за инсталација и одржување на машината, стручниот
и обучен персонал за транспортот, инсталацијата, првото
вклучување и вонредни операции за одржување
• на пресоналот задолжен за функционирањето на машината,
персоналот кој е задолжен за работата, чистењето и редовното
одржување
• на персоналот задолжен за уништување на деловите.
Овој прирачник е составен дел на машината како суштински за
безбедноста и мора да се чува на сигурно место кое овозможува
лесно консултирање сè до негово депонирање. Компанијата
го задржува правото да прави измени, доколку е потребно
на издадената техничка документација без да ја ажурира
издадената.
Упатствата се составени во согласност со Директивата за
машини 2006/42/ЕС, анекс I, став 1.7.4.
РЕПРОДУКЦИЈАТА, ДУРИ И ДЕЛУМНО, НА ИЛУСТРАЦИИТЕ И
/ ИЛИ ТЕКСТОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО КОЈ БИЛО НАСЛОВ.
После доставата на уредот:
1. Проверете ги табличките. Проверете го работниот напон
(волтажата) на пумпата. Понатаму, проверете ја вредноста
на преваленцијата, капацитетот и брзината на ротација на
пумпите, како и максималната апсорпција на моторите.
2. Проверете ја опремата за да се осигурате дека нема
оштетувања настанати за време на стартувањето или
транспортот како што се пукнатини или вдлабнатини. Исто така
проверете да нема лабави завртки или врски. Ако се случи тоа
информирајте во рок од 8 денa од доставата на продавачот.
3. Проверете дали сите потребни додатоци, резервни и
опционални делови се во пратката.
ОБРАТЕТЕ ПОСЕБНО ВНИМАНИЕ НА УПАТСТВАТА И
НА ПОГЛАВЈЕТО 4. СИГУРНОСТ. ПРЕМЕСТУВАЊЕТО,
ОДРЖУВАЊЕТО Е ВКЛУЧУВАЊЕТО НА МАШИНАТА
ТРЕБА ДА БИДАТ ИЗВРШЕНИ ОД НАЈМАЛКУ ДВЕ ЛИЦА
СООДВЕТНО ОБУЧЕНИ.
2. РЕЗИМЕ
1. ВОВЕД
стр. 290
2. РЕЗИМЕ
стр. 290
3. ПОДАТОЦИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
стр. 290
4. СИГУРНОСТ
стр. 290
5. ГАРАНЦИЈА И ТЕХНИЧКИ СЕРВИС
стр. 291
6. КОНСТРУКТИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
стр. 292
7. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
стр. 292
8. ТРАНСПОРТ И СКЛАДИРАЊЕ
стр. 293
9. ИНСТАЛАЦИЈА
стр. 294
10. РАБОТЕЊЕ
стр. 296
11. ОДРЖУВАЊЕ
стр. 297
12. ДЕПОНИРАЊЕ
стр. 299
13. ДИЈАГНОЗА НА ДЕФЕКТИ
стр. 300
3. ПОДАТОЦИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
3.1 ИМЕ НА ФИРМАТА И НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ
EBARA Pumps Europe S.p.A.
Регистрирана канцеларија:
Via Campo Sportivo, 30 - 38023 Cles (TN), ITALIA
Телефон: +39 0463 660411 - Факс: +39 0444 405930
Сервисен Центар:
е-пошта: [email protected]
Тел. +39 0444 706811
3.2 ТАБЛИЧКА СО ПОДАТОЦИ
Види поглавје 7. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ
4. СИГУРНОСТ
Овие оперативни упатства укажуваат основни упатства
коишто треба да се земат предвид за време на склопувањето,
стартувањето и одржувањето на опремата. Обратете посебно
внимание на следните симболи.
ВНИМАВАЈТЕ!
Ризик од оштетување на пумпата или системот
Ризик од предизвикување штета кај луѓе или
предмети
Опасност од струја
Покрај безбедносните упатства што се наоѓаат во овој прирачник,
неопходно е исто така да се земат во предвид и сите безбедносни
мерки коишто се на сила во земјата во којашто сакате да го
користите апаратот сè со цел да добиете поголема заштита.
Доколку не се земат предвид упатствата за претпазливост,
коишто се наоѓаат во прирачникот, може да предизвика опасност
кај луѓето и кај опремата.
4.1 ПРИПРЕМА И ОБУЧУВАЊЕ НА ПЕРСОНАЛОТ
Персоналот задолжен за склопувањето, работењето,
одржувањето и контролата врз опремата треба да биде
соодветно обучен за да може да ја изврши најдобро што може
сопствената работа. Одговорноста, компетентноста и надзорот
над персоналот ќе зависат од сопственикот. Доколку персоналот
нема соодветно знаење треба да биде соодветно обучен. Доколку
биде побарано, сопственикот ќе добие соодветно обучување
директно од EBARA или од дистрибутерот на овој уред.
4.2 МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ
ВНИМАВАЈТЕ!
ТЕХНИЧКИ И СТРУКТУРНИ ИЗМЕНИ ВО
ВРСКА СО ОПРЕМАТА СЕ ЗАБРАНЕТИ
ДОКОЛКУ НЕМА ОДОБРЕНИЕ ОД СТРАНА
НА EBARA. САМО ОРГИНАЛНИ РЕЗЕРВИ И
ДРУГИ ДОДАТОЦИ ОВЛАСТЕНИ ОД EBARA
СЕ СООДВЕТНИ ЗА ЗАДОВОЛУВАЊЕ
НА
БЕЗБЕДНОСНИТЕ
СТАНДАРДИ.
ОБНОВУВАЊЕ,
МЕНУВАЊЕ
ИЛИ
КОРИСТЕЊЕ НА ДРУГИ РЕЗЕРВИ ЌЕ ЈА
ПОНИШТИ ГАРАНЦИЈАТА.
ВНИМАВАЈТЕ!
ДОБРОТО ФУКНЦИОНИРАЊЕ НА УРЕДОТ
ЗАВИСИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА УРЕДОТ ВО
СОГЛАСНОСТ НА ОНА ШТО Е НАВЕДЕНО
ВО ПРИРАЧНИКОТ СО УПАТСТВА. КАКО
УСЛОВИТЕ ЗА РАБОТА, ТАКА И ГРАНИЦИТЕ,
НАВЕДЕНИ ВО ОВОЈ ПРИРАЧНИК, НЕ МОЖАТ
ДА БИДАТ НАДМИНАТИ НА НИТУ ЕДЕН
НАЧИН.
MK
Summary of Contents for GSD Series
Page 2: ......
Page 137: ...137 4 3 4 4 9 4 8 5 EBARA Pumps Europe S p A EBARA Pumps Europe S p A inverter GR...
Page 140: ...140 9 9 1 1 2 3 4 7 5 NPSH 9 2 1 5 2 0 25 d d 9 3 9 4 1 2 3 4 5 6 7 1 2 GR...
Page 146: ...146 13 50 Hz 60 Hz inverter GR...
Page 170: ...170 4 3 4 4 9 4 8 5 EBARA Pumps Europe S p A EBARA Pumps Europe S p A RU...
Page 173: ...173 9 9 1 1 2 3 4 7 5 NPSH 9 2 0 25 d d 9 3 9 4 1 2 3 4 5 6 7 1 2 RU...
Page 179: ...179 13 50 60 RU...
Page 181: ...181 4 3 4 4 9 4 8 5 EBARA Pumps Europe S p A EBARA Pumps Europe S p A BG...
Page 184: ...184 9 9 1 1 2 3 4 7 5 NPSH 9 2 0 25 d d 9 3 9 4 1 2 3 4 5 6 7 1 BG...
Page 190: ...190 13 50 Hz 60 Hz BG...
Page 247: ...247 4 3 4 4 9 4 8 5 EBARA Pumps Europe S p A EBARA Pumps Europe S p A UK...
Page 250: ...250 9 9 1 1 2 3 4 7 5 NPSH 9 2 0 25 d d 9 3 9 4 1 2 3 4 5 6 7 1 2 UK...
Page 256: ...256 13 50 60 UK...
Page 291: ...291 4 3 4 4 9 4 8 5 EBARA Pu mps Europe S p A EBARA Pumps Europe S p A MK...
Page 294: ...294 9 9 1 1 2 3 4 7 5 NPSH 9 2 0 25 d d 9 3 9 4 1 2 3 4 5 6 7 1 2 MK...
Page 300: ...300 13 50Hz 60Hz MK...
Page 304: ...304 9 1 9 1 2 3 4 7 NPSH 5 2 9 d d 0 25 3 9 4 9 1 2 3 4 5 6 7 1 2 3 4 5 48...
Page 310: ...310...
Page 315: ...315...
Page 316: ...316...