Македонски |
143
Доколку околу
4
min не се притисне ниедно копче на
мерниот алат, тој се исклучува автоматски заради
заштита на батериите.
Подготовка за мерење
Степенот на емисија при мерење на температурата на
површини
За одредување на температурата на површината, ќе се
измери бесконтактно природното инфрацрвено
топлинско зрачење, коешто го испраќа целниот објект.
За точни мерења, мора поставениот степен на емисија на
мерниот уред да се провери
пред секое мерење
и
доколку е потребно за се прилагоди на мерниот објект.
Може да изберете помеѓу три степени на емисија на
мерниот уред. Често користените материјали наведени
во табелата подолу се примерен избор во опсегот на
степенот на емисии што треба да се користи.
Повисок степен на емисија:
бетон (сув),
цигла (црвена, рапава), песочен камен
(рапав), мермер, хартија со катран за
покриви, штук (рапав), малтер, гипс,
паркет (мат), ламинат, ПВЦ, тепих, тапет (со
шари), плочки (мат), стакло, алуминиум
(елоксиран), емајл, дрво, гума, мраз
Среден степен на емисија:
гранит, камен
за калдрма, фибер плоча, тапети (со малку
шари), лак (темен), метал (мат), керамика,
кожа
Низок степен на емисија:
порцелан (бел),
лак (светол), плута, памук
За избраните примери, даден е степен на емисија од:
– висок степен на емисија: 0,95
– среден степен на емисија: 0,85
– низок степен на емисија: 0,75
За менување на степенот на емисија притискајте го
копчето за степен на емисија
(14)
додека на приказот
(g)
не се избере соодветниот степен за емисија за следното
мерење.
u
Точни мерења на температурата се можни доколку
степенот на емисија и степенот на емисија на
објектот се совпаѓаат.
Објектите може да бидат
прикажани при превисока или прениска температура,
што може да доведе до опасност при контакти.
Мерна површина при мерења на температурата на
површини
Ласерскиот круг генериран од мерниот уред ја покажува
мерната површина, чие инфрацрвено зрачење се
одредува при бесонтактно мерење на температурата на
површината.
Средната ласерска точка го означува центарот на
мерната површина. За оптимален резултат од мерењето,
порамнете го мерниот уред така што ласерскиот зрак ја
погодува мерната површина вертикално во оваа точка.
u
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или
животни и не погледнувајте директно во него, дури
ни од голема оддалеченост.
Големината на ласерскиот круг и со тоа големината на
мерната површина се зголемуваат со растојанието
помеѓу мерниот уред и мерниот објект. Оптималното
мерно растојание е 0,5 m до 1 m.
u
Не го оставајте мерниот уред директно на жешки
површини.
Топлината може да го оштети мерниот
уред.
Прикажаниот резултат на мерење е средната вредност на
измерените температури во рамките на мерната
површина.
Напомени за мерните услови
Високо рефлектирачки, сјајни или транспарентни
површини (на пр. сјајни плочки, предници од
не'рѓосувачки челик или садови за готвење) може да го
попречат мерењето на температурата на површините. По
потреба, облепете ја мерната површина со темна, мат
леплива лента, којашто е добар спроводник на топлина.
Оставете ја лентата кратко да се темперира на
површината.
Во принцип, мерењето на транспарентни материјали не е
можно.
Поради тоа мерните резултати ќе бидат попрецизни и
посигурни доколку се подобри и постабилни мерните
услови.
Сензорот за влажност на воздухот и за околната
температура
(1)
може да се оштетат поради хемиски
штетни материи како на пр., испарувања на лакови и бои.
Инфрацрвеното мерење на температурата се попречува
поради чад, пареа или правлив воздух.
Затоа пред мерењето проветрете ја просторијата,
особено ако воздухот е загаден или има пареа. На пр. не
мерете во бањата веднаш по туширање.
По проветрувањето оставете ја просторијата да се
истемперира, додека не се постигне вообичаената
температура.
Околната температура и релативната влажност на
воздухот се мерат директно на мерниот уред со сензорот
за влажност на воздухот и сензорот за околна
температура
(1)
. За да добиете уверливи резултати, не го
држете мерниот уред директно над или покрај извори на
пречки како греење или отворени течности. Во никој
случај не го покривајте сензорот
(1)
.
Мерни функции
Единично мерење
Со еднократно притискање на копчето Мерење
(4)
го
вклучувате ласерот и го активирате единичното мерење
во избраниот режим. Процесот на мерење може да трае
од 1 до 2 секунди и е означен со ротирачки сегменти на
екранот на линијата
(l)
.
По завршување на мерењето, ласерот автоматски се
исклучува.
Bosch Power Tools
1 609 92A 4NX | (20.04.2021)