25
24
МАКЕДОНСКИ
Водич за готвење на свеж зеленчук
Употребете соодветен стаклен огноотпорен сад со капак. Додадете
30-45 ml ладна вода (2-3 лажици) за секои 250 g освен ако не се
препорачува друга количина на вода - погледнете табела. Гответе
покриено со минимално време - погледнете табела. Продолжете
со готвењето по потреба. Промешајте еднаш за време и еднаш по
готвењето. Додадете сол, зачин или путер по готвењето. Покријте
додека стои 3 минути.
Совет:
Исечете го свежиот зеленчук на еднакви парчиња.
Помалите парчиња се готват побргу.
Свежиот зеленчук се готви при полна микробранова моќност (750 W).
Храна
Порција Време
(мин.)
Време на
стоење
(мин.)
Инструкции
Брокула
250 g
500 g
5-5½
8½-9
3
Подгответе еднакви
парчиња. Наредете ги во
средината.
Бриселско
зелје
(прокељ)
250 g
6½-7½
3
Додадете 60-75 ml (5-6
лаж.) вода.
Моркови
250 g
5-6
3
Исечете ги морковите на
еднакви парчиња.
Карфиол
250 g
500 g
5½-6
9½-10
3
Подгответе еднакви
парчиња. Пресечете ги
големите парчиња на
половина. Наредете ги во
средината.
Тиквички
250 g
4-4½
3
Исечете ги тиквичките на
резанки. Додадете 30 ml (2
лаж.) вода или малку путер.
Гответе додека не омекнат.
Модар
патлиџан
250 g
4½-5
3
Исечете ги модрите
патлиџани на мали резанки
и попрскајте ги со 1 лажица
лимонов сок.
Праз
250 g
5-5½
3
Исечете го празот на
подебели парчиња.
Храна
Порција Време
(мин.)
Време на
стоење
(мин.)
Инструкции
Печурки
125 g
250 g
1½-2
3½-4
3
Подгответе цели (мали)
или сецкани печурки.
Не додавајте вода.
Попрскајте со лимонов
сок. Зачинете со сол и црн
пипер. Исцедете ги пред
сервирање.
Кромид
250 g
5-6
3
Исечете го кромидот на
парчиња или половинки.
Додадете само 15 ml (1
лаж.) вода.
Пиперка
250 g
4½-5
3
Исечете ја пиперката на
мали парчиња.
Компири
250 g
500 g
5-6
9-10
3
Измерете ги излупените
компири и исечете ги на
еднакви половинки или
четвртинки.
Репа зелка
250 g
5-5½
3
Исечете на мали коцки.
ПОДГРЕВАЊЕ
Микробрановата печка ќе ја загрее храната за многу пократко време
од стандардниот шпорет.
Користете ниво на јачина и време за подгревање согласно упатствата
од табелата. Времињата во табелата се однесуваат на течности
на собна температура од +18 до +20 °C или изладена храна на
температура од +5 до +7 °C.
Распоредување и покривање
Избегнувајте да подгревате големи парчиња месо - тие може премногу
да се испечат на надворешниот слој без да се загрее внатрешниот
дел. Подгревањето на мали парчиња може да биде поуспешно.
Нивоа на јачина и промешување
Некоја храна може да се подгрева со јачина од 750 W додека друга со
јачина од 600 W, 450 W или дури 300 W.
Ако ви треба помош, проверете во табелите. Генерално, подобро е
да се подгрева храната со помала јачина, доколку таа е деликатна, во
поголема количина или се загрева многу брзо (на пр. овошни колачи).
Добро промешувајте или вртете ја храната за време на подгревањето
за најдобри резултати. Кога е можно, промешајте повторно пред
сервирање.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебиња. Заради
заштита од превривање и можни изгореници, промешајте пред,
за време и по загревањето. Чувајте ги во печката за да отстојат.
Ви препорачуваме да ставите пластична или стаклена лажица во
течностите. Избегнувајте прегревање (а со тоа и намалување на
квалитетот) на храната.
Подобро е да предвидите пократко време на готвење и доколку е
потребно да додадете дополнително време.
Време на греење и стоење
Кога првпат подгревате храна забележете го потребното време - може
да ви користи во иднина. Секогаш проверете дали храната што ја
подгревате е рамномерно стоплена. Дозволете храната да постои
одредено време по подгревањето - за да се изедначи температурата.
Се препорачува време на стоење од 2-4 минути, освен ако не е
поинаку прикажано во табелата.
Внимавајте кога загревате течности и храна за бебе. Погледнете го
делот за безбедносни мерки.
GW731K-B_BOL_DE68-04092B-03_MK_150212.indd 25
2015-02-14 �� 5:08:44
Содержание GW731K
Страница 34: ...34 БЪЛГАРСКИ ЗАБЕЛЕЖКА ЗАБЕЛЕЖКА GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_BG_150212 indd 34 2015 02 14 4 56 32 ...
Страница 35: ...35 БЪЛГАРСКИ ЗАБЕЛЕЖКА ЗАБЕЛЕЖКА GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_BG_150212 indd 35 2015 02 14 4 56 32 ...
Страница 70: ...34 МАКЕДОНСКИ ЗАБЕЛЕШКА ЗАБЕЛЕШКА GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_MK_150212 indd 34 2015 02 14 5 08 45 ...
Страница 71: ...35 МАКЕДОНСКИ ЗАБЕЛЕШКА ЗАБЕЛЕШКА GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_MK_150212 indd 35 2015 02 14 5 08 45 ...
Страница 106: ...34 SRPSKI NAPOMENA NAPOMENA GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SR_150212 indd 34 2015 02 14 5 16 04 ...
Страница 107: ...35 SRPSKI NAPOMENA NAPOMENA GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SR_150212 indd 35 2015 02 14 5 16 04 ...
Страница 142: ...34 ROMÂNĂ NOTĂ NOTĂ GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_RO_150212 indd 34 2015 02 14 5 11 06 ...
Страница 143: ...35 ROMÂNĂ NOTĂ NOTĂ GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_RO_150212 indd 35 2015 02 14 5 11 06 ...
Страница 178: ...34 SHQIP SHËNIM SHËNIM GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SQ_150212 indd 34 2015 02 14 5 13 35 ...
Страница 179: ...35 SHQIP SHËNIM SHËNIM GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_SQ_150212 indd 35 2015 02 14 5 13 35 ...
Страница 214: ...34 HRVATSKI NAPOMENA NAPOMENA GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_HR_150212 indd 34 2015 02 14 5 05 01 ...
Страница 215: ...35 HRVATSKI NAPOMENA NAPOMENA GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_HR_150212 indd 35 2015 02 14 5 05 01 ...
Страница 250: ...34 ENGLISH NOTE NOTE GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_EN_150212 indd 34 2015 02 14 4 58 53 ...
Страница 251: ...35 ENGLISH NOTE NOTE GW731K B_BOL_DE68 04092B 03_EN_150212 indd 35 2015 02 14 4 58 53 ...