Македонски
371
“СОДРЖИНИТЕ И УСЛУГИТЕ НА ТРЕТИ СТРАНИ СЕ ОБЕЗБЕДУВААТ
“КАКО ШТО СЕ.” SAMSUNG НЕ ДАВА ГАРАНЦИЈА, БИЛО ИЗРЕЧНА
ИЛИ ИМПЛИЦИРАНА, ЗА СОДРЖИНИ ИЛИ УСЛУГИ ОБЕЗБЕДЕНИ
НА ОВОЈ НАЧИН, ЗА КОЈА БИЛО НАМЕНА. SAMSUNG ОДБИВА
КАКВИ БИЛО ИМПЛИЦИРАНИ ГАРАНЦИИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ,
БЕЗ ОГРАНИЧУВАЊЕ, ГАРАНЦИИ ВО ОДНОС НА ТРГОВСКА
ПОДОБНОСТ ИЛИ ПОГОДНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА. SAMSUNG
НЕ ГАРАНТИРА ЗА ТОЧНОСТ, ВАЛИДНОСТ, НАВРЕМЕНОСТ,
ЗАКОНИТОСТ ИЛИ ЦЕЛОКУПНОСТ НА КОЈА БИЛО СОДРЖИНА
ИЛИ УСЛУГА ДОСТАПНА ПРЕКУ ОВОЈ УРЕД И ВО НИТУ ЕДЕН
СЛУЧАЈ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И СЛУЧАЈ НА НЕБРЕЖНОСТ, SAMSUNG
НЕМА ДА БИДЕ ОДГОВОРЕН, БИЛО ВРЗ ОСНОВА НА ДОГОВОР
ИЛИ ПРЕКРШОК, ЗА КОЈА БИЛО ДИРЕКТНА, ИНДИРЕКТНА,
ИНЦИДЕНТНА, ПОСЕБНА ИЛИ ПРОСЛЕДЕНА ШТЕТА, АДВОКАТСКИ
ХОНОРАРИ, ТРОШОЦИ ИЛИ КАКВА БИЛО ШТЕТА ПРЕДИЗВИКАНА
ОД ИЛИ ВО ВРСКА СО КАКВИ БИЛО СОДРЖАНИ ИНФОРМАЦИИ
ИЛИ КАКО РЕЗУЛТАТ НА КОРИСТЕЊЕ НА КАКВА БИЛО СОДРЖИНА
ИЛИ УСЛУГА ОД ВАША СТРАНА ИЛИ ОД СТРАНА НА ТРЕТИ ЛИЦА,
ДУРИ И КОГА ПОСТОЕЛО СОЗНАНИЕ ЗА МОЖНОСТА НА ТАКВИТЕ
ШТЕТИ.”
Услугите на трети страни можат да бидат укинати или прекинати во
кое било време и Samsung не дава никакви изјави или гаранции
дека каква било содржина или услуга ќе биде достапна во кој
било временски период. Содржините и услугите се пренесуваат
од трети страни преку мрежи и уреди за пренос врз кои Samsung
нема никаква контрола. Без ограничување на општите напомени на
оваа изјава за одрекување, Samsung изречно одрекува каква било
одговорност за прекин или суспензија на која било содржина или
услуга достапна преку овој уред.
Samsung не е одговорен за услугата за корисниците во врска со
овие содржини и услуги. Сите прашања или барања во врска со
услугата поврзана со овие содржини или услуги треба директно да
се испратат до соодветните даватели на содржини и услуги.