Македонски
365
Не бојте го уредот и не ставајте лепенки врз него
• Бојата и лепенките можат да ги заглават подвижните делови и да
го спречат правилното работење.
• Ако сте алергични на боја или метални делови од уредот, може
да почувствувате чешање, егзема или натекување на кожата. Ако
дојде до тоа, престанете со употреба на уредот и консултирајте се
со Вашиот лекар.
Не користете го уредот ако е напукнат или скршен
Скршено стакло или акрил може да ги повреди Вашите раце и лице.
Однесете го уредот во сервисниот центар на Samsung за да биде
поправен.
Не испуштајте го уредот и не предизвикувајте удари на уредот
• Вашиот уред може да се оштети или да не функционира
правилно.
• Ако е искривен или деформиран, Вашиот уред може да биде
оштетен и некои делови може да не функционираат.
Осигурете максимален век на траење на батеријата и полначот
• Можно е батериите да не работат прописно ако не се
употребуваат подолго време.
• По извесно време, уредот што не се користи ќе ја испразни
батеријата и мора да се наполни пред употреба.
• Исклучете го полначот од изворите на напојување кога не е во
употреба.
• Користете ја батеријата само за нејзината намена.
• Следете ги сите инструкции во ова упатство за да осигурате
најдолг работен век на Вашиот уред и батеријата. Штетите или
слабите перформанси предизвикани од неправилно следење
на предупредувањата и инструкциите, може да ја направи
неважечка Вашата гаранција.
• Вашиот уред може да се истроши со текот на времето. Некои
делови и поправки се покриени со гаранцијата во период
на важноста, но штетите или намалувањето на квалитетот
предизвикани од користење неодобрена дополнителна опрема
не се.