Македонски
366
Не расклопувајте, менувајте и не поправајте го Вашиот уред
• Какви било промени или изменувања може ја поништат
гаранцијата на производителот. Ако Вашиот уред треба да се
сервисира, однесете го во Сервисниот центар на Samsung.
• Не расклопувајте и не дупчете ја батеријата затоа што тоа може
да предизвика експлозија или пожар.
• Исклучете го уредот пред да ја извадите батеријата. Ако ја
извадите батеријата додека уредот е вклучен, може да дојде до
неправилно функционирање на уредот.
Додека го чистите уредот, имајте ги предвид следниве работи
• Избришете го уредот или полначот со крпа или со гума.
• Исчистете ги контактите на батеријата со памукче или крпа.
• Не користете хемикалии или детергенти. Во спротивно може да
дојде до разлевање на боите или корозија на надворешноста на
уредот, или може да резултира со електричен шок или пожар.
• Спречите уредот да биде изложен на вода, пот, прашина,
козметика, мастило, детергент, инсектициди, и масло. Ако
Вашиот уред е изложена на било кој од претходно наведените
супстанции, користете мазна, мека крпа за чистење.
Користете го уредот само за неговата наменета употреба
Вашиот уред може да функционира неправилно или може да се
повредите.
Избегнувајте да ги вознемирувате другите кога го користите
уредот во јавност
Дозволете само квалификувани лица да го сервисираат Вашиот
уред
Сервисирањето од неквалификувани лица на Вашиот уред може
да предизвика оштетување, а со тоа и поништување на Вашата
гаранција од производителот.