Македонски
367
Ракувајте внимателно со мемориските картички и каблите
• Кога вметнувате картичка или поврзувате кабел во уредот,
осигурете се дека картичката е вметната или кабелот е поврзан
во правилната страна.
• Не отстранувајте картичка кога уредот пренесува или прима
информации, бидејќи тоа може да предизвика губење на
податоците и/или оштетување на картичката или уредот.
• Заштитете ги картичките од силни удари, статички електрицитет и
електрични пречки од другите уреди.
• Не допирајте ги златно-обоените контакти или полови со прсти
или метални предмети. Доколку не е чиста, пребришете ја
картичката со мека крпа.
• Вметнувањето картичка или поврзувањето кабел присилно или
неправилно може да доведе до оштетување на повеќенаменскиот
приклучок или другите делови на уредот.
Заштитете ги Вашите лични податоци, и спречете протекување
или злоупотреба на чувствителни информации
• При користење на уредот, уверете се дека ќе направите резервна
копија на Вашите важни податоци. Samsung не е одговорен за
губењето какви било податоци.
• Кога сакате да го отстраните Вашиот уред, направете резервна
копија од Вашите податоци, потоа ресетирајте го Вашиот уред за
да спречите погрешна употреба на Вашите лични податоци.
Не распространувајте материјали со заштитени авторски права
Не распространувајте материјал со заштитени авторски права
без дозвола од сопственикот на правата. Правејќи го тоа, може
да ги прекршите законите за авторски права. Производителот не
е одговорен за какви било правни прашања предизвикани од
илегалната употреба на материјали со заштитени авторски права.