116
Mak
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции.
Заборавање на почитувањето на
безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за
во иднина.
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Заеднички безбедносни упатства за мазнење, мазнење
со рапава хартија, работа со жичани четки, полирање и
делење:
a) Овој електро-алат треба да се употребува како
шлајферица, шлајферица со хартија за шмирглање, четка
со жица и машина за брусење со делење. Почитувајте ги
сите безбедносни упатства, упатства за работа, прикази и
податоци што ги добивате заедно со електричниот алат.
Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до
електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.
b) Овој електро-алат не е наменет за рапава хартија и за
полирање.
Секакви употреби, за кои овој алат не е предвиден,
можат да предизвикаат загрозувања и повреди.
c) Не употребувајте прибор што не е предвиден и
препорачан од производителот специјално за овој
електро-алат.
Доколку извесен прибор можете да го
прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува
гаранција за сигурно употреба.
d) Бројот на вртежи на алатот, којшто се употребува, мора
да биде нај-малку толку висок како и бројот на вртежите
на вашиот електро-алат.
Додатокот, којтшто се врти побрзу,
може да се скриша и да излета.
e) Надворешниот дијаметар и дебелината на приборот
мора да соодветствуваат со податоците за димензиите на
вашиот електро-алат.
Приборите со несоодветна димензија не
можат да бидат соодветно заштитени или контролирани.
f) Дисковите за брусење, фланшовите, дисковите
(подножјата за брусење) или друг прибор мора прецизно
да соодветствуваат на осовината на вашиот електро-алат.
Приборот што не одговара прецизно во осовината на електро-
алатот, се врти нерамномерно, вибрира мошне јако и може да
доведе до губење на контролата.
g) Не употребувајте оштетен прибор. Пред секоја употреба
извршете контрола, како на пример на дисковите за
брусење по однос на расцепи и пукнатини, на подножјата
за брусење по однос на пукнатини, изабаност или голема
искористеност, на четките со жици по однос на лабави или
скршени жици. Ако електро-алатот или приборот паднат,
проверете, дали тие се оштетени или употребете неоштетен
прибор. Ако приборот сте го провериле и го употребувате,
тогаш вие и лицата, кои се наоѓаат во близина, треба да
бидете вон доменот на ротирачкиот прибор и оставете го
приборот да работи една минута со максимален број на
вртежи.
Оштетениот прибор најчесто се крши во овој тест-период.
h) Носете опрема за лична заштита. Зависно од употребата,
користете целосна визуелна заштита, заштита за очите
или заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска
за заштита од прашина, заштита за ушите, заштитни
ракавици или специјална престилка, со која се заштитувате
од ситни честички од шлајфувањето и од материјалот.
Очите треба да бидат заштитени од страни тела што се разлетуваат
наоколу, а кои настануваат при различни употреби. Заштита маска
од прашина и за дишење мора да ја филтрираат прашината што
се создава при работата. Доколку сте подолго време изложени на
гласна бучава, тоа може да предизвика губење на слухот.
i) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита.
Можат да се разлетаат
парчиња од работниот материјал или од скршен прибор и да
предизвикаат повреди, исто така и надвор од директниот делокруг
на работа.
j) Држете го електричниот алат за издадените површини
при изведување на операции при кои алатот за сечење
можат да дојдат во контакт со скриени жици или
сопствениот гајтан.
Контакт со жица под напон исто така ќе
направи проводници од металните делови и оној кој ракува со
алатот ќе доживее струен удар.
k) Кабелот за напојување со струја чувајте го настрана од
прибор што се врти.
Доколку ја изгубите контролата над електро-
алатот, кабелот за напојување со струја може да се исече или да се
закачи и вашата рака или вашата дланка да бидат повлечени во
приборот што се врти.
l) Никогаш не оставајте го електро-алатот, додека тој не
постигне состојба на комплетно мирување.
Електро-алатот
што се врти може да дојде во контакт со површината, на којашто
се остава, а на тој начин можете да ја изгубите контролата над
електро-алатот.
m) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите.
Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со приборот што се врти, при што тој може да навлезе во
вашето тело.
n) Редовно чистете го отворот за проветрување на вашиот
електро-алат.
Вентилаторот на моторот влече прашина во
куќиштето, а големо насобирање на метална прашина може да
предизвика електрични опасности.
o) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат.
Таквите материјали можат да се запалат
од искри.
p) Не употребувајте прибор, за којшто се потребни течни
средства за ладење.
Употребата на вода или на други течни
средства за ладење може да доведе до електричен удар.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како последица
на заглавен или блокиран прибор што се врти, како на диск за
брусење, подножје за брусење, четка со жица итн. Заглавувањето
или блокирањето доведува до неодложно стопирање на
ротирачкиот прибор. На тој начин неконтролираниот електро-алат
се забрзува во спротивна насока од насоката на вртење на приборот
во точката на спојување.
Доколку, на пример, диск за брусење е заглавен или блокиран
во материјалот, работ на дискот за брусење што навлегува
во материјалот, може да се закачи и на тој начин да дојде до
излегување на дискот или да се предизвика повратен удар. Во
таков случај дискот за брусење се движи или кон операторот или
настрана од него, зависно од насоката на вртење на дискот во
точката на спојување. Притоа дисковите за брусење можат исто
така и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или неисправна
употреба на електро-алатот. Тој може да биде избегнат со соодветни
мерки на претпазливост, како што се опишани подолу.
а) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги вашето
тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете да дадете
отпор на силите од повратиот удар. Секогаш употребувајте
ја додатната рачка, доколку постои, за да можете да имате
Македонски
Summary of Contents for AG 10-125
Page 4: ...2 I...
Page 6: ...4 III 0 30 30 60 60 30 6 0 30 6 0 0 click...
Page 7: ...5 IV 1 2 3 6 mm 6 mm 4...
Page 8: ...6 IV 3 2 1...
Page 9: ...7 V unlock lock Start Stop 1 2 1 2...
Page 11: ...9 VI 1 2 3 4 5 6 AGV 15 125 XE...
Page 12: ...10 TIP 30 TIP VII TIP...
Page 13: ...11 1 2 2 VIII 1...
Page 14: ...12 VIII 3 1 2...
Page 15: ...13 VIII 2 1 3...
Page 61: ...60 EL o o o o o o o o a b c d e f g h i j k l m n o p...
Page 62: ...61 EL b c d e b c d e b c d e f b FI RCD PRCD...
Page 105: ...104 P C a b c d e f g h i j k l m n o p P...
Page 106: ...105 P C b c d e b c d e b c d e f b FI RCD PRCD B P...
Page 109: ...108 a b c l d e f g h i j k l m n o p a b...
Page 110: ...109 c d e a b c d e a b c d e f a b FI RCD PRCD...
Page 117: ...116 Mak a b c d e f g h i j k l m n o p...
Page 118: ...117 Mak e FI RCD PRCD...
Page 121: ...120 a b c d e f g h i j k l m n o p a b c d...
Page 122: ...121 e a b c d e e a b c d e f a a b FI RCD PRCD FI...