16
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Прочитајте ги и следете ги сите упатства пред да почнете да ја користите вашата правосмукалка, за да го спречите ризикот од пожар,
електричен удар, лична повреда, или штета кога ја користите правосмукалката. Ова упатство не ги покрива сите можни состојби кои би
можеле да настанат. Секогаш контактирајте го вашиот сервисен застапник или производителот за проблеми кои не ги разбирате. Овој
уред е во согласност со следните EC Директиви:-2006/95/EC Директива за низок напон, -2004/108/EC EMC – Директива.
Ова е симболот за тревога за безбедност.
Овој симбол ве предупредува за можните опасности кои можат да ве убијат или повредат вас и други лица. Сите тревоги за
безбедност ќе следат со симбол за тревога за безбедност како и зборот “WARNING” - предупредување или “CAUTION” – внимание.
Овие зборови значат:
Овој симбол ќе ве предупреди за опасностите или опасните постапки кои можат да
предизвикаат сериозни телесни повреди или смрт.
Овој симбол ќе ве предупреди за опасности или опасните постапки кои би можеле да
предизвикаат телесни повреди или оштетување на имот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Да не ја приклучувате ако контролното копче не е
ставено на позицијата OFF.
Може да настане лична повреда или оштетување на
производот.
• Држете ги децата настрана и внимавајте на пречки кога
го премотувате кабелот за да спречите лична повреда
Кога кабелот се премотува тој се движи многу брзо.
• Исклучете го електричното напојување пред
сервисирање или чистење на уредот или кога не ја
користите правосмукалката.
Инаку може да доведе до електричен удар или лична
повреда.
• Да не ја користите правосмукалката за собирање на
нешто што гори или дими како на пример цигари или
топол пепел.
Може да доведе до смрт, пожар или електричен удар.
• Да не смукате запаливи или експлозивни супстанции
како на пример бензин, бензол, разредувачи, пропан
(течности или гасови).
Пареите од овие супстанции можат да предизвикаат
опасност од пожар или експлозија. Може да дојде до
смрт или лична повреда.
• Да не го фаќате приклучникот или правосмукалката со
влажни раце.
Може да доведе до смрт или електричен удар.
• Да не ја исклучувате со потеглување на кабелот.
Може да доведе до оштетување на производот или
до електричен удар. За да ја исклучите, фатете го
приклучникот а не кабелот.
• Држете ја косата, лабавата облека, прстите и сите делови
од телото настрана од отворите и подвижните делови.
Инаку може да доведе до електричен удар или лична
повреда.
• Да не ја потеглувате или носите за кабелот, да не го
користите кабелот како рачка, затварате врата врз
кабелот, или да го потеглувате кабелот околу остри рабови
или агли. Да не ја движите правосмукалката врз кабелот.
Држете го кабелот подалеку од загреани површини.
Инаку може да доведе до електричен удар или лична
повреда или пожар или оштетување на производот.
• Цревото содржи електрични жици.
Да не го користите ако е оштетено, пресечено или дупнато.
Инаку може да дојде до смрт или електричен удар.
• Да не ја користите правосмукалката ако струјниот кабел
или приклучникот е оштетен или е со недостатоци.
Може да настане лична повреда или оштетување на
производот. Во тој случај, контактирајте го сервисниот
застапник на компанијата LG Electronics за да избегнете
опасности.
• Да не ја користите правосмукалката ако била под вода.
Може да настане лична повреда или оштетување на
производот. Во тој случај, контактирајте го сервисниот
застапник на компанијата LG Electronics за да избегнете
опасности.
• Да не продолжувате со смукањето ако недостасува
некој дел или е оштетен.
Може да настане лична повреда или оштетување на
производот. Во тој случај, контактирајте го сервисниот
застапник на компанијата LG Electronics за да избегнете
опасности.
• Да не користите продолжен кабел со оваа
правосмукалка.
Може да настане опасност од пожар или оштетување
на производот.
• Користење на соодветен напон.
Користење на несоодветен напон може да доведе
до оштетување на моторот и можна повреда на
корисникот. Правилниот напон стои на долниот дел од
правосмукалката.
• Исклучете ги сите регулатори пред вадење на кабелот
од напојувањето.
Инаку може да доведе до електричен удар или лична
повреда.
• Во никој случај да не го менувате приклучникот.
Инаку може да доведе до електричен удар или лична
повреда или оштетување на производот. Може
да доведе до смрт. Ако не влегува приклучникот,
контактирајте квалификуван електричар за да монтира
соодветен излез. Ако кабелот за напојување е оштетен,
мора да се замени од производителот или неговиот
сервисен застапник или слично квалификувано лице со
цел да се избегне опасност.
• Поправки на електрични апарати можат да се прават
само од квалификувани сервисни техничари.
Несоодветни поправки може да доведат до сериозни
опасности за корисникот.
• Да не ставате прсти близу до запчаникот.
Може да дојде до лична повреда.
зап
чаник