68
Поединечни чекори на
готвење при 'Sous Vide'
готвење
Чекор 1, Зачинете ја храната
За да го засилите и подобрите вкусот ви
препорачуваме храната претходно да ја
маринирате или пред да ја ставите храната во
кесата и пред да го ишмукате воздухот од неа,
зачинете ја храната и на неа ставете парче
путер.
Чекор 2, Вакумирајте ја храната
'Sous Vide'
готвењето налага храната да се
готви во кесички без воздух и влага. На тој
начин не се губи вкусот и квалитетот на
храната.
Вакумирањето исто така предизвикува на
храната, како што е местото, да се отворат
порите со што зачинот ќе продре подлабоко и
на тој начин се засилува вкусот на месото.
Кислородот и влагата во воздухот
предизвикуваат за време на процесот на
подготовка на храната да се изгуби вкусот,
витамините и минералите како и да се промени
структурата. Со обичните вакуумски затварачи
на фолија можеме да го отстраниме воздухот и
влагата од кесичката пред да ја затвориме.
Чекор 3, Пригответе ја храната
Кога температурата ќе ја достигне
посакуваната вредност ги ставаме затворените
кесички со храна во водата. За да храната
биде рамномерно зготвена, погледнете дали
кесичките се целосно потопени за да може
водата непречено да кружи.
Чекор 4, Испечете ја храната
Кога 'Sous Vide' готвењето е завршено пожелно
е храната набрзина да ја запечете на малку
масло или жар на многу висока температура
со што ќе го подобрите вкусот и изгледот на
храната.
Ова е уште повеќе пожелно при подготовка на
месо. Со тоа кога месото ќе се запече се
карамелизираат маслото и витамините. Така
месото има побогат вкус.
ВНИМАНИЕ! Храната подготвена на
'Sous
Vide'
начин не е препорачлива за ризични
групи како што се:
Трудници
Мали деца
Постари лица
Хронично заболени
Упатствата и инструкциите за обезбедување
на високи хигиенски стандарди на храна
при употребата на 'Sous Vide'
методот на
готвење.
Подготовка на храна
Сите состојки треба да бидат свежи и со
највисок квалитет.
M
есото и морските плодови треба да се
чуваат на температура помалку од 5°C.
Предлагаме за проверка да се употреби
дигитален термометар за храна.
Проверете дали кесите во кои ќе готвите се
чисти.
Просторот каде ќе ја подготвувате храната
треба да биде чист.
Просторот каде се наоѓа суровата храна
треба да биде одделен од просторот за
подготвување на храната.
Пред почетокот на приготвувањето на
храната добро исчистете ги рацете.
Дебелината на храната треба да одговара
на упатствата за време и температура.
Потенките и помалите парчиња храна
побргу се приготвуваат.
Готвење
За поставување на времето на готвење и
потребнита температура, користете ги
упатствата за време и температура.
Кесите во кои се наоѓа храната за време
на готвењето треба херметички да се
затворени.
Проверете дали кесата е херметички
затворена и по завршувањето на
готвењето.
Чување
Во случај храната да не ја употребите
веднаш, кесите за храна потопете ги во
замрзната вода во која има и лед, за да
истата брзо ја оладите. Оладената храна
до употребата чувајте ја во фрижидерот.
Подгревање
Подгревајте ја храната за да внатрешната
температура достигне 75°C.
Summary of Contents for 728378
Page 49: ...49 1 2 3 4 5 6 7 8 9 min max Gorenje...
Page 50: ...50 Gorenje 2002 96 EC WEEE 1 2 3 4...
Page 51: ...51 5 75 C min max 1 SET 2 3 4 MAX 49 C 56 C 60 C 65 C 71 82 64 C 47 C 56 C 60 C 83 C 87 C...
Page 53: ...53 10 60 C 15 MIN MAX 60 C www gorenje com...
Page 60: ...60 1 2 3 4 5 6 7 8 9 min max...
Page 62: ...62 1 2 3 4 5...
Page 63: ...63 75 C min max 1 SET 2 3 4 max 49 C 56 C 60 C 65 C 71 82 64 C 47 C 56 C 60 C 83 C 87 C...
Page 65: ...65 10 60 15 min max 60 O www gorenje com E...
Page 66: ...66 1 2 3 4 5 6 7 8 9 sous vide sous vide min m x...
Page 68: ...68 Sous Vide 1 2 Sous Vide 3 4 Sous Vide Sous Vide Sous Vide M 5 C 75 C...
Page 71: ...71 Sous Vide Sous Vide 10 60 C 15 MIN X 60 C www gorenje com...