147
Користете огигинални метални сечила и глава за
сечење со најлон MAKITA.
–
Металното сечило мора да биде добро исполирано, без пукнатини или
скршени делови. Ако металното сечило удри во камен за време на
работата, исклучете го моторот и веднаш проверете го сечилото.
–
Полирајте го или заменувајте го металното сечило на секои три часа
работа.
–
Ако главата за сечење со најлон удри во камен за време на работата,
исклучете го моторот и веднаш проверете ја главата.
ВНИМАНИЕ: Соодветниот заштитник мора секогаш да биде монтиран
за ваша сопствена безбедност и со цел да се постигне
услогласување со прописите за спречување незгоди.
Не е дозволено ракување со опремата без поставен штитник.
Надворешниот дијаметар на сечилото мора да биде 300 мм
(12”) или помал. Никогаш не употребувајте какви било сечила
со надворешен дијаметар поголем од 300 мм (12”).
Превртете ја машината наопаку, и лесно ќе можете да го замените
металното сечило или главата за сечење со најлон
.
–
Вметнете го имбус-клучот низ дупката во куќиштето на менувачот и
вртете ја приемната шајбна (4) додека не се заклучи во место со имбус-
клучот.
–
Олабавете ја навртката (1) (лева навртка) со насадниот клуч и извадете
ги навртката (1), чашката (2) и стезната шајбна (3).
(4)
(3)
(2)
(1)
(4)
(3)
(2)
(1)
Ротација
Имбус-клуч
МОНТИРАЊЕ МЕТАЛНО СЕЧИЛО ИЛИ ГЛАВА ЗА СЕЧЕЊЕ СО НАЈЛОН
Монтирање метално сечило со имбус-клучот поставен
во место
–
Монтирајте го металното сечило на вратилото така што штитникот
на приемната шајбна (4) да влезе во дупката на металното сечило.
Монтирајте ги стезната шајбна (3) и чашката (2), и прицврстете го
металното сечило со навртката (1).
[Вртежен момент на стегање: 20 - 30 N-m]
НАПОМЕНА: Носете ракавици секогаш кога ракувате со металното сечило.
НАПОМЕНА: Навртката за прицврстување на металното сечило (со
шајбна со пружина) е потрошен дел. Доколку се јави каква
било изабеност или деформација на шајбната со пружина,
заменете ја навртката.
Монтирање на главата за сечење со најлон
–
Стезната шајбна (3), чашката (2) и навртката (1) не се потребни за
монитрање на главата за сечење со најлон. Главата за сечење со најлон
треба да се постави над приемната шајбна (4).
–
Вметнете го имбус-клучот низ дупката во куќиштето на менувачот и
вртете ја приемната шајбна (4) додека не се заклучи во место со имбус-
клучот.
–
Потоа, завртете ја главата за сечење со најлон на вретеното вртејќи ја во
насока спротивна на стрелките на часовникот.
–
Извадете го имбус-клучот.
Имбус-клуч
Олабавете
Стегнете
Имбус-клуч
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com