161
Цевка за гориво
ЗАМЕНА НА ЦЕВКАТА ЗА ГОРИВО
ВНИМАНИЕ: ЗАПАЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ СЕ СТРИКТНО
ЗАБРАНЕТИ
Временски интервал за чистење и инспекција: Секојдневно (секои 10 часа
работа)
Замена: Годишно (секои 200 часа работа)
Заменувајте ја цевката за гориво секоја година, без разлика на тоа колку
често се работело со машината. Протекувањето гориво може да доведе до
пожар.
Доколку се забележи какво било протекување за време на инспекцијата,
веднаш заменете ја цевката за гориво.
ПРОВЕРКА НА ЗАВРТКИ И НАВРТКИ
–
Стегнете ги олабавените завртки, навртки итн.
–
Проверете дали капачето за гориво и капачето за масло се добро
стегнати. Проверете дали има протекување на гориво или масло.
–
Заменете ги оштетените делови со нови за безбедна работа.
ЧИСТЕЊЕ НА ДЕЛОВИТЕ
–
Секогаш одржувајте го моторот чист бришејќи го со крпа.
–
Одржувајте ги перките на цилиндарот чисти, и без прашина или
нечистотија. Прашината или нечистотијата што ќе се залепат на перките
може да предизвикаат заглавување на клипот.
ЗАМЕНА НА ДУХТУНЗИ И ГУМИЦИ
Заменете ги дихтунзите и гумиците ако моторот е расклопен.
Каква било работа за одржување или прилагодување што не е вклучена и опишана во ова упатство, мора да се изведува исклучиво од
овластени сервисни агенти.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Моторот е сè уште жежок веднаш откако сте го запреле моторот. Кога
го испуштате горивото, овозможете доволно време за моторот да се
олади откако ќе го запрете. Во спротивно, тоа може да резултира со
изгореници на кожата и/или пожар.
ОПАСНОСТ:
Кога машината се чува без да се работи со неа подолг временски
период, испуштете го горивото од резервоарот за гориво и од
карбураторот, и складирајте ја на суво и чисто место.
–
Испуштете го горивото од резервоарот за гориво и од карбураторот во
согласност со следнава процедура:
1) Извадете го капачето на резервоарот за гориво и целосно испуштете
го горивото.
Доколку има какви било надворешни материи што останале во
резервоарот за гориво, отстранете ги целосно.
2) Повлечете го филтерот за гориво нанадвор со жица за да може да
полните.
3) Стискајте ја пумпата за полнење додека горивото не се испушти од
таму и испуштете го горивото кои доаѓа во резервоарот за гориво.
4) Ставете го филтерот на резервоарот за гориво и цврсто стегнете го
капачето на резервоарот за гориво.
5) Потоа, продолжете да работите со моторот додека не запре.
–
Извадете ја свеќичката и капнете неколку капки моторно масло низ
дупката за свеќичката.
–
Нежно повлечете ја рачката за стартување така што моторното масло да
се распореди низ моторот и поставете ја свеќичката.
–
Поставете го капакот на металното сечило.
–
По принцип, чувајте ја машината во хоризонтална положба, или ако тоа
не е можно, поставете ја машината така што алатот за сечење да дојде
под моторот. Обрнете големо внимание на тоа како ја чувате машината
за да се спречи нејзино паѓање. Во спротивно, тоа може да резултира со
телесна повреда.
–
Чувајте го испуштеното гориво во специјален сад на добро провертрено
ладно место.
ЧУВАЊЕ
Внимание по долготрајно складирање
–
Пред стартувањето по долго време невклучување, заменете го маслото (погледнете на страница 158). Квалитетот на маслото ќе
опадне ако машината се чува без да се работи со неа.
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com