160
0,7 мм – 0,8 мм
(0,028” - 0,032”)
ПРОВЕРКА НА СВЕЌИЧКАТА
–
Користете го само испорачаниот универзален клуч за отстранување или
монтирање на свеќичката.
–
Растојанието помеѓу двете електроди на свеќичката треба да биде 0,7 -
0,8 мм (0,028” - 0,032”). Ако растојанието е премало или преголемо,
прилагодете го. Ако свеќичката е затната или контаминирана, исчитете ја
целосно или заменете ја.
По проверката, правилно поставете го капачето за свеќичката како што е
прикажано.
ВНИМАНИЕ: Никогаш не допирајте ја спојката на свеќичката додека
работи моторот (постои опасност од електричен удар со
висок напон).
Куќиште на
менувачот
Дупка за
подмачкување
ДОДАВАЊЕ МАСТ ЗА ПОДМАЧКУВАЊЕ НА
КУЌИШТЕТО НА МЕНУВАЧОТ
–
Додавајте маст за подмачкување (Shell Alvania 2 или еквивалентна) во
куќиштето на менувачот низ дупката за подмачкување секои 30 часа.
(Оригинална маст MAKITA може да се купи од вашиот продавач на
MAKITA).
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ГОРИВО
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ЗАПАЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ СЕ
СТРИКТНО ЗАБРАНЕТИ
Временски интервал за чистење и инспекција: Месечно (секои 50 часа
работа)
Глава за всмукување во резервоарот за гориво
–
Филтерот за гориво (1) на главата за всмукување се користи за
филтрирање на горивото што е потребно за карбураторот.
–
Треба да се врши периодична визуелна проверка на филтерот за
гориво. Отворете го капачето на резервоарот, со помош на жица со кука
извлечете ја главата за всмукување низ отворот на резервоарот. Ако
филтерот е стврднат или затнат, заменете го.
–
Заменувајте го филтерот за гориво најмалку еднаш на три месеци за
да осигурате доволен довод на гориво во карбураторот. Во спротивно,
недоволниот довод на гориво ќе предизвика неисправност при
стартувањето на моторот и ограничена максимална брзина.
–
По проверката, чистењето или замената, прицврстете го филтерот за
гориво на цевката за гориво со стегата за црево. Турнете го филтерот за
гориво целосно навнатре до дното на резервоарот за гориво.
Филтер за гориво
Цевка за
гориво
Стега за
црево
Филтер за
гориво
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com