
46
Не се обидувајте сами да ја замените сијаличката во
печката или пак да дозволите некому кој не е овластен од
Gorenje сервисот да го стори тоа. Ако сијаличката прегори,
консултирајте се со овластениот застапник или
контактирајте го овластениот сервис на Gorenje.
ВНИМАНИЕ : Не користете комерцијални средства за
чистење рерни, чистачи на пареа, абразивни и груби
средства за чистење, никакви средства што содржат
натриум хидроксид или жици за гребење на ниту еден дел
на микробрановата печка.
Безбедносни упатства за општа употреба
Во продолжение наведуваме неколку општи правила што, како и за сите
апарати, треба да се почитуваат за да обезбедат најдобро работење на
печката.
1.
Кога ја употребувате печката, стаклената подлога, рачката на моторот,
склопката, како и лежиштето-обрач треба да бидат секогаш наместени.
2.
Печката употребувајте ја само за подготовка на храна, а никогаш за, на
пример, сушење облека, хартија или други непрехранбени производи
или за стерилизација.
3.
Не активирајте ја печката кога е празна бидејќи со тоа можете да ја
оштетите.
4.
Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, а особено не списанија,
книги за готвење и сл.
5.
Не користете ја печката за зимница, т.е. за конзервирање храна бидејќи
микробрановите печки не го овозможуваат тоа. Несоодветно
конзервираната храна може да се расипе, а нејзиното консумирање е
опасно.
6.
Не варете јајца со лушпа бидејќи може да пукнат. Може да се случи при
варење да пукне и излупено јајце. Секогаш гответе ги покриени, а по
завршувањето почекајте минута пред да го отстраните капакот.
7.
Не гответе храна обвиткана со мембрана, како жолчки, компир, пилешки
џигер и сл. доколку претходно не ја продупчите обвивката на повеќе
места со виљушка.
8.
Не ставајте ништо во отворите на надворешното куќиште.
9.
Никогаш не отстранувајте поединечни делови од печката, н.пр. нозе,
спојки и сл.
10.
Не гответе храна директно врз стаклената подлога. Храната се става
во/на соодветен сад.