
42
Пречки со радиосигнали
Работењето на микробрановата печка може да предизика
пречки на вашиот радио, телевизиски или друг сличен
приемник. Ако дојде до пречки, може да ги ублажите или да ги
отстраните со следните мерки:
а) Исчистете ја површината на вратата и површините на печката каде се
затвора
б) Поставете го радио, односно телевизискиот приемник што подалеку од
микробрановата печка.
ц) За радио, односно телевизискиот приемник употребете соодветно
наместена антена, која ќе овозможи што посилен прием на сигналот.
Поставување
1.
Отстранете ја целата амбалажа од внатрешноста на печката и на
вратата.
2.
Кога ќе ја отстраните амбалажата, проверете да не дошло до видливи
оштетувања на печката, пред сé:
-
изместена врата,
-
оштетена врата,
-
вдлабнатини или дупки на стаклениот прозорец на вратата или на
екранот,
-
вдлабнатини во внатрешноста (комората) на печката.
Ако забележите некое од наведените оштетувања,
НЕ
употребувајте
ја печката.
3.
Микробрановата печка тежи 10,5 kg; поставете ја на водорамна подлога
што е доволно цврста да ја издржи нејзината тежина.
4.
Поставете ја печката подалеку од извори на топлина и на пареа.