
110
111
2. Снабдување со гориво
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Кога го полните апаратот со гориво, потрудете се да ги почитувате следните упатства за да спречите палење или пожар, или телесна
повреда:
Полнењето гориво мора да се изведува на место каде што нема оган. Никогаш не палете оган или пламен на местото каде што полните
гориво (пушење итн.).
Исклучете го моторот и оставете го да се излади пред да започнете со полнење гориво.
Полнете на рамна површина. Не полнете го со горива на нестабилно место или слабо проветрено место.
Полнете при добра осветленост и видливост.
Полнете на отворено чисто место.
Полека отворете го капачето на резервоарот за гориво. Горивото може да истече поради внатрешниот притисок.
Не дозволувајте да истече горивото. Истуреното гориво мора веднаш да се исчисти.
Кога полните гориво, правете го тоа во добро проветрено место.
Внимателно ракувајте со горивото.
Горивото кое ви се залепило на кожата или ви влегло во очите може да предизвика алергии или иритации. Доколку забележите каква
било невообичаена состојба, веднаш консултирајте се со лекар.
НЕ СМЕЕТЕ да ставате масло во отворот за полнење гориво.
ПЕРИОД НА СКЛАДИРАЊЕ НА ГОРИВО
Не користете гориво кое е постаро од 4 седмици, дури ни кога е чувано во специјален канистер на добро проветрено и студено место.
Во спротивно, горивото може да се расипе и за само еден ден.
Складирање на машината и резервоарот за полнење
Чувајте ги машината и резервоарот на ладно место, кое не е изложено на директна сончева светлина.
Никогаш не полнете гориво во автомобил.
ГОРИВО
Моторот е 4-тактен. Користете бензин за автомобили (обичен бензин или супер бензин).
Совети за гориво
Никогаш не користете мешавина на бензин која содржи моторно масло. Во спротивно, тоа може да предизвика прекумерна акумулација
на јаглерод или механички проблеми.
Користењето масло со поминат рок може да предизвика неправилно стартување.
Кога полните гориво, исклучете го моторот и почекајте да се излади.
НАЧИН НА ПОЛНЕЊЕ ГОРИВО
Одвртете го малку капачето на резервоарот за да излезе притисокот од него.
Извадете го капачето на резервоарот, а потоа наполнете гориво. Притоа, треба да овозможите воздухот да излегува од резервоар за
гориво, со тоа што ќе го наведнете резервоарот за да може отворот за полнење да биде свртен нагоре. НЕ СМЕЕТЕ да го полните
резервоарот до горе.
После полнењето, затворете го цврсто капачето на резервоарот.
Ако капачето на резервоарот е пукнато или оштетено, заменете го.
Капачето на резервоарот се истрошува со тек на време. Заменувајте го на секои две до три години.
НЕ СМЕЕТЕ да ставате гориво во отворот за полнење масло.
●
–
–
–
–
–
–
–
–
●
–
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
Summary of Contents for EB7650TH
Page 202: ...202 ...
Page 203: ...203 ...
Page 204: ...Makita Corporation Anjo Aichi Japan www makita com 885332 965 IDE ...