
104
105
Начин на работа
Апаратот за дување користете го само при добра видливост и
осветленост. Внимавајте на лизгави или водени површини, мраз и
снег (ризик од лизгање) и на тесен простор.
Секогаш треба да стоите на сигурна подлога.
Никогаш не работете на нестабилни површини или на стрмни
места.
Не работете качени на скали или високи места. Во спротивно,
можете да се повредите.
За да го намалите ризикот од повреди, не насочувајте го воздухот
кој излегува кон лица што се во близина, бидејќи тој е под висок
притисок и може да содржи мали честици кои при голема брзина
можат да предизвикаат повреда на очите.
Никогаш не ставајте надворешни предмети во отворот за довод на
воздух или во млазницата на апаратот за дување. Тоа ќе го оштети
пропелерот на вентилаторот и може да предизвика сериозни
повреди кај лицето што ракува со апаратот или кај присутните лица
во близина, како резултат на предметите или скршените делови кои
ќе се разлетаат со голема брзина.
Водете сметка за насоката во која дува ветарот, т.е. не работете
наспроти ветарот.
За да не се сопнете, никогаш не движете се наназад кога работите
со апаратот.
Секогаш исклучувајте го моторот пред чистење или сервисирање на
апаратот или при заменување на деловите.
Одмарајте се за да спречите губење на контролата предизвикана
од замор. Препорачуваме да се одмарате по 10-20 минути на секој
час.
Не ракувајте со апаратот во близина на прозорци итн.
За да ја намалите штетата од вибрациите и/или оштетувањето на
ушите, ракувајте со апаратот при ниска брзина доколку е можно и
ограничете го времето на работа.
Ракувајте со апаратот само во разумно време. Не ракувајте со
апаратот наутро или доцна навечер кога можете да ги вознемирите
луѓето.
Се препорачува користење на гребла и метли за да се растресе
отпадот пред дувањето.
Пред дувањето, малку навлажнете ги површините доколку се
правливи или користете прскалка за вода доколку е потребно.
Приспособете ја должината на млазницата така за да може млазот
на воздух да работи во близина на земјата.
За да го намалите нивото на звук, ограничете го бројот на парчиња
на опрема што се користат истовремено.
По користењето на апарати за дување и друга опрема, ИСЧИСТЕТЕ
ГИ! Фрлете го отпадот во канти за отпад.
Упатства за одржување
Грижете се за околината. Потрудете се да не предизвикувате голема
бука и загадување кога работите со апаратот за дување. Особено
внимавајте дали е точно приспособен карбураторот.
Апаратот за дување чистете го редовно и проверувајте дали сите
завртки и навртки се добро стегнати.
Апаратот за дување никогаш немојте да го сервисирате или да го
чувате во близина на отворен пламен, искри итн. (11).
Апаратот за дување секогаш чувајте го во добро проветрена и
заклучена просторија и со празен резервоар за гориво.
Почитувајте ги сите соодветни упатства за спречување на несреќи
издадени од надлежните здруженија и осигурителни компании.
Не правете никакви измени на апаратот за дување бидејќи така ја
доведувате во ризик вашата безбедност.
Корисникот смее да ги врши само активностите за одржување и
поправање што се опишани во ова упатство за употреба. Сите други
работи треба да ги изведуваат сервисери од овластен сервис.
Користете само оригинални резервни делови и прибор од Makita.
Не е дозволено користење на неодобрен прибор и алати бидејќи тоа
ја зголемува опасноста од несреќи и повреди. Мakita нема да преземе
никаква одговорност за несреќи или штети кои настанале поради
користење на неодобрени резервни делови или прибор.
Никогаш не модифицирајте ја опремата. Тоа може да предизвика
опасни несреќи или телесна повреда.
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
●
(10)
(11)
Summary of Contents for EB7650TH
Page 202: ...202 ...
Page 203: ...203 ...
Page 204: ...Makita Corporation Anjo Aichi Japan www makita com 885332 965 IDE ...